Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Павловски: Груевски да му се извини на Јаневски

0
By Нова ТВ on July 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Како и мнозинството наши луѓе, големи беа моите очекувања дека ќе ја унапреди и развие Македонија. Денес, кога целокупната моќ на државата е во рацете на Груевски, тој е обврзан да внимава кој ги раскопува гробиштата на славните претци. Да не знаеше дека нашата историја била запишувана на песок за да ја одвее ветрот, може да му се прости, но Груевски знае. Ако не пронајде начин да му се извини на покојниот Јаневски, џабе му се сите улични споменици од „Скопје 2014“, вели во интервју за „Утрински“ академикот и писател Божин Павловски кој неодамна беше прогласен за соработник на тајните служби.

Лустриран академикот и писател Божин Павловски

Павловски вели бил посетен од новинар од медиум кој страстно ја поддржува актуелната власт, за да го извести дека бил жртва во досието на Славко Јаневски и посебно во досијеата на Трајан Петровски и Паскал Гилевски. Барал изјава од Павловски во кој би го осудил Славко Јаневски.

„Тоа ми засмрде на неофашизам. Излегов во јавноста дејствувајќи според сопствената совест, за да разбудам нечија совест“, дополнува во интервјуто писателот.

Божин Павловски вели исплашеноста е хендикепот на нашата интелигенција.

„Со тоа што им ги обезбедува платите, власта ги држи в раце“, вели Павловски.

Божин Павловски: Збогум, со здравје, излегувам од МАНУ и ДПМ

Во врска со изјавите на претседателот на Лустрациска, тој вели дека ваквите потези од заднина ги координира некој опасен македономразец, исполнет со злоба и фрустрации.

„Имате ли некаде пример за споредба каде што се лустрираат одамна починати? Само кај нас“, вели Павловски.

Во завршните зборови Павловски се осврнува и на економската состојба во поглед на инвестирањето и менаџирањето со парите. Според него, кога големите кредити на актуелната власт веќе нема да можат да се менаџираат, главен проблем ќе бидат илјадниците државни патриоти, од кои само третина, вели, му припаѓаат на Ахмети.

„Кога ќе снема пари во буџетот, тие ќе се владеат како напуштени проститутки“, завршува Павловски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.