Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пченица, пченка и масло ќе има – смирува министерот Николовски

0
By Mirjana on April 7, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не 50 000 тони туку 100 000 тони пченица ќе ни испорача Србија. Ова го потврдиле низ телефонски разговор македонската и српската влада која од денеска го одмрзна извозот за овие производи, кој малку се оддолжи поради изборните активности во земјата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски порача дека нема место за страв и паника ниту кај мелничарско – преработувачката индустрија ниту кај граѓаните дека ќе се остане без лебно жито.

– Производителите на леб имаат залихи од 25 000 тони, со денешната одлука на српската влада, стартува да се испорачува договорениот контингент на пченица од 100 000 тони. Паралелно сме во разговори со бугарската влада која предложи да набави пченица одредено количество и за нас, зашто била во подготовка набавка на огромно количество на пченица. Ќе ги искористиме сите можности независно што некои велат дека сме молеле, дециден е министерот за земјоделие.

Македонија под насади од пченица годинава има 74 000 хектари од кои се очекува принос од 255 000 тони, соопштуваат од министерството за земјоделие.

Николовски информира дека за 400 милиони денари бил зголемен годинешниот интервентен фонд , со кој ќе се субвенционирале владини мерки за земјоделството во вредност од 10 милиони евра.

За на 15 април, Николовски најави објава на 7 мерки во вредност од 500 милиони денари, за производителите пред се на житни култури. Владините мерки би се фокусирале на набавка на трактори, силоси, системи за наводнување, комбањи за оризопроизводителите, мерки за производителите на тутун и мерки за млади земјоделци и рурални жени. 

Наредните 10 дена министерството ќе објави огласи за издавање земјоделско земјиште а се трага и по запуштено земјоделско земјиште.

(М.Т.)

 

 

ДЕНОВИВЕ СТАРТУВА УВОЗОТ НА ПЧЕНИЦА ОД СРБИЈА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.