Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пекинг и Москва заеднички го осудија американскиот самит на кој не се поканети

0
By НОВА ТВ on November 27, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кинескиот и рускиот амбасадор во Вашингтон заеднички ја осудија одлуката на САД да ги исклучат двете земји од виртуелниот самит за демократија што ќе го организира американскиот претседател Џо Бајден во декември.

САД си дозволуваат да дефинираат „која земја е „демократска“ и која не ги исполнува условите за добивање на тој статус“, што го сметаме за дел од „менталитетот на Студената војна“, изјавија амбасадорите на Русија и Кина Анатолиј Антонов и Чин Ганг за конзервативното списание Нешнл интрест.

„Ова повторно ќе ги разгори идеолошките конфликти и глобалните несогласувања и ќе го отвори патот за нови поделби“, предупредија дипломатите, повторувајќи ги критиките од официјален Пекинг и Москва во вторникот, веднаш штом беше објавен списокот од околу 110 земји и територии поканети на самитот.

Отфрлајќи ја идејата за унифициран модел на демократија, кинеските и руските дипломати беа полни со пофалби за режимите во нивните земји, кои, како што наведоа, се засноваат на кинеската „реалност“, односно руските „традиции“.

„Нема потреба за загриженост кога станува збор за демократијата во Русија и Кина. Некои странски влади би било подобро да гледаат што им се случува дома. Можеме ли воопшто да зборуваме за слобода во земја каде што демонстрантите се растеруваат со гумени куршуми и солзавец?“, прашуваат амбасадорите.

Обајцата го повикуваат Западот да не „се меша во внатрешните работи“ на други земји „под изговор за промовирање на демократските вредности“ и се заложија за „вистински мултилатерализам“ во рамките на Обединетите нации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.