Тропски жештини и денеска го зафатија Западен Балкан каде температурите во повеќето градови ќе надминат 40 степени Целзиусови.
Во долината на Морача и Зета во Црна Гора метеоролозите најавуваат до 42 степени.
Во, Македонија и БиХ се очекуваат дневни температури до 40 степени, а заладување, според прогнозите се очекува во вторник во вечерните часови, кога ќе почне да дува северен ветер, што би можело да ги спушти тепмературите за неколку степени.
Во седум часот наутро во Сплит биле измерени рекордни 27 степани Целзиусови. Во внатрешноста на Хрватска според прогнозите се предвидуваат грмотевици со дожд и наместа град во текот на ноќта и утринските часови, додека на Јадранот ќе биде жешко и понатаму.