Пеколни горештини во Македонија, денеска температурата ќе се движи од 35 до 42 степена. Во Осоговско-малешевскиот и Охридско-преспанскиот регион прогласена е портокалова фаза, останатиот дел од Македонија денеска ќе биде во жолта топлотна фаза.
Според метеоролозите во попладневните и во ноќните часови се очекува нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне 39 степени.
Од утре се очекува мало намалување на температурите во целата држава.
Минатата недела и Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на синдикати на Македонија апелираа работодавачите да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на работниците.
За граѓаните остануваат општите препораки – да се конзумира здрава и свежа храна и безбедна вода за пиење, да се носи лесна и светла облека, да не се излегува надвор од 11 до 17 часот, а хронично болните да ја земаат соодветната терапија.