Ви благодарам на поддршката, ви благодарам на доблеста и храброста што излеговте денес да ја продолжиме заедно битката од која нема откажување. Заедно, со сплотени сили. Во уште поголем број да излеземе да гласаме на 27-ми април. Да се избориме за нов концепт, со идеи и вредности за една поинаква Македонија, порача претседателскиот кандидат на СДСМ, Пендаровски од Лисиче.
– Нема да молчиме на прекршувањата на законот. Бескрупулозната власт не мисли за Македонија, мисли само за себе. Битката ќе ја тераме до крај. Или ние ќе се избориме за промена, или Македонија ќе продолжи да паѓа во калта, дециден беше Пендаровски.
Во Драчево, sе пожалија и дека младите повеќе ги нема на нивните улици.
-Ако нема попис тешко дека може да се наречат фер и демократски овие избори. Без попис лесно се манипулира со избирачкиот список. Верувајте, додека овие се на власт, нема ни да има попис, зошто “реформаторот“ тешко дека ќе се извади од ситуацијата кога ќе се прикаже дека младите му се иселени од државата. Ќе се покаже на виделина неговата реформаторска неспособност, додаде Пендаровски.
-Успехот е голем, но сигурен сум дека можеме и повеќе. Оваа власт нема да стане демократска преку ноќ. Не очекува уште поголем притисок, уцени и закани. Но, поттикнете ги оние кои се дома да излезат и да го одберат правилниот концепт. Седењето дома е сигнал на солидарност на страна на власта, придонес за полоша Македонија. Затоа на 27-ми масовно да излеземе и да гласаме за промени, да гласаме за вистински Претседател, да гласаме за држава на сите граѓани, рече претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.