Сакам да искажам благодарност до сите граѓани кои денеска гласаа, до сите.
Понатаму, над 320 илјади гласови во корист на опозициониот кандидат според мене се храброст во овие услови и им честитам на сите кои гласаа денеска за опозицијата, изјави претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.
Бројот на гласови на кандидатот на власта, по мое длабоко уверување не е резултат на неговите квалитети, ниту пак на успесите на политичката структура која го поддржува.
Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Ни претстои вториот круг, јас имам намера до последниот ден да се борам за концептот, идеите и вредностите во кои верувам.
Почитувани, уверен сум дека во вакви услови на систематски притисок и на систематски закани и уцени од досегашната структура на власт можеме да дојдеме до победа на 27-ми.
До сите оние кои денеска гласаа за мене и за нас и до сите оние кои денеска не излегоа на гласање од најразлични причини им порачувам една работа, немојте да паѓате со дух, борбата не е завршена, изјави претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.