Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски и Река ветија ЕУ и НАТО, Силјановска-клаузула за непроменливост на името

0
By Нова ТВ on April 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Кандидатите за претседател на државата вечерва ја започнаа кампањата и од средбите со граѓаните ги испратија првите пораки.

Помина времето кога политичарите од високо гледаа во народот и му кажуваа што треба да прави. Ние сме апсолутно еднакви и јас и премиерот со сите вас, нема погоре и подолу, тоа е новото во македонската политика, кое никогаш порано не било, ние сме исти како што сме биле пред да дојдеме на власт, порача вечерва од Крушево кандидатот за претседател од коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски од каде и официјално ја започна кампањата.

Тој рече дека земјава во овој момент е единствената позитивна вест од целиот регион.

-Нашата опција е само напред. Нивната е назад. Тоа не смееме да го дозволиме. И нема подобра опција од интеграцијата во ЕУ. Ако некој мисли дека со изолација економијата ќе цвета, се лаже или лаже. Се разликуваме како небо и земја, затоа повикувам на максимална мобилизација и излезност на изборите, повика Пендаровски од Крушево.

Со мотото „Река за републиката“ вечерва кандидатот за претседател од Алијансата на Албанците и „Беса“ ја почна претседателската кампања од плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Им порача на граѓаните дека нивните гласови не се за тргување и ги повика масовно да излезат на гласање, без разлика на која партија и припаѓаат.

– Со вашиот глас докажете дека не сме анонимни 20 отсто. Докажете дека вие не сте само гласачи, туку и гласани. Затоа, Албанецот и не можеше да биде избран за претседател. Ова ќе се промени на 21 април, кога вие ќе го изберете претседателот. Од вас зависи дали сте за Албанец за претседател на Републиката. Вие сте суверенот што одлучува дали вашиот глас ќе ја направи Северна Македонија мултиетничка и евроатланска Република, рече Река.

На промотивната конвенција во Скопје се обратија и претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села и претседателот на движењето „Беса“ Биљал Касами.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ја започнаа кампањата од Охрид каде се обратија претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на партијата Христијан Мицковски.

Силјановска пред охриѓани најави дека ќе биде претседател кој ќе го почитува Уставот и законите, а меѓународната политика ќе ја води преку економска, научна и културна дипломатија кои според неа се многу помоќни од традиционалната. Правото на вето, како што посочи, ќе го користи секогаш кога ќе треба да предупреди на Уставот и законите.

Говорејќи за новото име на државата, Силјановска-Давкова рече дека доколку биде избрана нема да може веднаш да го смени, но оцени дека ова име на земјата ниту има корен, ниту може да има иднина.

– Студентите ги учам дека Уставот е процес, не е состојба, значи ќе дојде одговорен претседател, од народот, за народот и со народот, ќе дојде одговорен Парламент што ќе ја почитува опозицијата и државнички ќе се однесува кон најважните прашања, нов состав на Уставен суд кој ќе го брани Уставот, со знаење и со морал. Тогаш ние еден ден, со уставна промена важна ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост, посочи Сиљановска – Давкова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.