Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Ќе бидам чувар на Уставот и заштитник на граѓаните

0
By Влатко Чаловски on March 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Првата моја задача ќе биде да го вратам достоинството и важноста на функцијата Претседател на Република Македонија. Во изминативе пет години таа важна институција доживеа деградирање без преседан во поновата историја. Изминативе пет години не само што немавме лидер и политичар со визија за Македонија, ние воопшто немавме претседател.

Со овие зборови, кандидатот на СДСМ и коалиционите партнери за претстојните претседателски избори, Стево Пендаровски го образложи својот концепт пред делегатите, заблагодарувајќи се на едногласната доверба за поддршката од огромниот број членови и симпатизери на партијата.

Тој додаде дека негова цел како иден Претседател ќе биде да ги заштитува граѓаните, да биде чувар на Уставот и обединувач на нацијата. Пендаровски истакна дека е нормално Македонија да биде демократска, а не автократска држава, рамноправна членка на ЕУ, а не сојузник со африканските диктатури и сомнителни бизнисмени од Азија.

– Нема да имам дилеми кога ќе треба да се спротивставам на која било злоупотреба на власта, да ги заштитам граѓаните од притисок на оние горе, кои изгубија контакт со реалноста. Нема да се колебам да ги употребам сите овластувања кои ми ги дава Уставот за да се спротивставам на кршењето на човековите права, евидентно рушење на демократијата, ограбувањето на татковината и продлабочувањето на поделбите во земјата – рече Пендаровски.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата, истакна дека е горд што бил еден од најблиските соработници на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, а искуството кое го стекнал со нив двајцата, рече дека го прави целосно свесен за одговорноста што ја носи функцијата претседател.

– До ниту една победа не се стигнува без работа и по споредни патеки. Ќе одиме по главниот пат, до срцата и разумот на сите граѓани во државата. Да покажеме дека постои реална и подобра алтернатива за политиките на оваа власт…Македонија заслужува претседател, рече Пендаровски во својот говор.

Претседателот на најголемата опозициска партија пак, Зоран Заев, претставувајќи го Проф.Др. Стево Пендаровски, пред делегатите и јавноста порача дека е време да се вратат достоинството, радоста и насмевките.

– Сега сме на почетокот на март. Еден човек кој сите го мислевме за експерт за демократија, се покажа дека бил експерт за календари. Тоа е човекот на кој пред 5 години му ја доверија улогата да глуми претседател. Токму тој ќе рече – по март доаѓа април. А по април доаѓа нова влада предводена од СДСМ, и доаѓа мигот кога македонија повторно ќе добие претседател, рече Заев.

Претседателот на СДСМ рече дека по пет години празнотија и безличност, ќе стави крај на полтронското шефување со државата и Македонија ќе го добие тоа што го заслужува.

– Никола Груевски се крие. Бега од вакви прашања. Но како и каде ќе се скрие Груевски од граѓаните на 27-ми април? Народот ќе му ја испорача сметката за ова расипничко владеење зашто Македонија не е негова приватна офшор-компанија, туку заеднички дом на сите граѓани, порача Зоран Заев.

Тој порача дека следните претседателски избори не значат „уривање на злото“, туку градење на европската, просперитетната иднина на Македонија.

– Ова не е време за предрасуди. Не е време за калкулации. Не е време за суети, или ќе си ја спасиме државата или ќе го понесеме бремето на неодлучноста, рече Заев на 16-от Конгрес на СДСМ.

На крајот од своето обраќање, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја повика јавноста да избере личност и претседател, гласност, и идеја и повика на глас за кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

За време на Конгресот, свои обраќања имаа различни функционери на партијата, а помеѓу нив и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, пратеникот Игор Ивановски, како и потпретседателот на СДММ, Стефан Богоев кои повикаа на промени во Македонија.

– Чест ни е што имаме ваков кандидат и чест ни е што сите заедно можеме да застанеме зад кандидатурата на Пендаровски. Македонија заслужува претседател кој ќе ја води државата а не само да ја раководи, рече Шеќеринска.

Обраќајќи се кон Пендаровски, Игор Ивановски пак му порача дека негова должност ќе биде да ги заштитува обичните граѓани, они кои немаат ништо и пациентите, а не „докторките кои носат облека од милиони денари и се потпишуваат на листите на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Македонија заслужува претседател со свое јас, порача тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.