НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски на средба со Шарл Мишел: Подготвени сме уште денеска да се вратиме на маса со Бугарија

0
By Нова ТВ on April 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во рамки на работната посета на Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

На средбата беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија, за можноста за одржување на прва меѓувладина конференција, за процесот на проширување на Европската Унија, како и за актуелните предизвици во регионот, во контекст на пандемијата на Ковид-19.

Претседателот Пендаровски оцени дека е од клучно значење спречувањето на стагнацијата во динамиката на односите на земјите од Западен Балкан со Европската Унија и порача дека продолжувањето на процесот на проширување е во интерес на Европската Унија, бидејќи на тој начин државите од Западен Балкан се одржуваат фокусирани на реформите и придонесуваат кон европската безбедност и стабилност.

Претседателот Пендаровски по средбата изјави дека Република Северна Македонија останува посветена на исполнување на својата надворешно-политичка цел – полноправно членство во ЕУ, како и на спроведување на реформите во земјата.

„Ова е моја втора посета на највисоките европски институции во последните две години. Денеска имав средба со практично сите носители на највисоките функции во Европската Унија, почнувајќи од претседателот на Европскиот Совет, Комесарот за проширување, претседателот на Европскиот Парламент, известителот од Европскиот Парламент за нашата земја. Со сите нив имавме една, практично, единствена агенда, како после ова време на пандемија да го реактивираме дијалогот кој очигледно замре, не по наша вина, не по нивна вина, се разбира, туку поради оваа пандемија, која практично ги редуцираше обврските на неопходниот минимум. Неколку прашања разговаравме со моите соговорници. Првото прашање беше како се справуваме и во која фаза сме од имунизацијата со вакцини против Ковид-19. Во таа смисла јас изразив исклучителна благодарност до европскиот солидарен фонд, кој веќе од следната недела ќе почне да ги испорачува количините од Фајзер, кои се договорени преку посредникот Австрија, како земја-членка на Европската Унија и тоа ќе го прави неделно и месечно во наредните два квартали. Во ситуација кога практично не постои ниту една европска држава – членка на Европската Унија која има целосно вакцинирано повеќе од 10 отсто од својата популација, oва е навистина израз на вистинска солидарност и јасен знак дека Европската Унија смета на Западниот Балкан, бидејќи овој фонд се однесува за сите шест држави од Западниот Балкан, смета на Западниот Балкан како на составен дел на Европа, не само во географска туку и во политичка, економска и институционална смисла.

Понатаму, разговаравме за реформите кои се во тек во нашата земја, се разбира дека тука имавме подолга дискусија за тоа што тие очекуваат од нас, главната работа која ја очекуваат, е да се задржи и по можност засили реформското темпо. Јас известив за најновите случувања во таа смисла, за процесуирањето на неколку т.н. високи случаи на корупција, дури и на функционери од сегашната политичка постава, структура на власт,  што беше поздравено, бидејќи се случува практично за прв пат во историјата на нашата држава, меѓутоа тие побараа да се удвојат напорите во борбата против случаите на висока корупција и апсолутно е јасно дека тоа ни е забелешка која ни ја кажуваат со години наназад и дека немаме уште многу време за да можеме, досието наше, реформско и проевропско во таа смисла да го допотполниме. Се разбира најголем дел потрошивме од дискусијата на проблемот што го имаме со Бугарија, значи тој проблем што Бугарија го има со нас. Знаете дека не постои целосен консензус за организирање на првата меѓувладина конференција поради противењето на Бугарија. Проблемот е во тоа што, тоа сите го лоциравме, е тоа што изборите во Бугарија завршија меѓутоа без јасен победник и според последните информации сосема е можно Бугарите да одат на нови предвремени парламентарни избори, веројатно во јуни месец и ако е тоа случај во следниве шеесеттина денови би имале само т.н. техничка или службена Влада која нема да има големи овластувања. Значи нема да има јасен политички легитимитет да навлегува во овие прашања особено. Јас реков дека ние сме подготвени, имаме специјален претставник за тоа прашање, имаме целосна координација меѓу највисоките владини претставници и мојот Кабинет на таа тема, подготвени сме уште денеска да се вратиме на маса, да разговараме за сите отворени прашања се разбира со оние огради или т.н. црвени линии кои сме ги истакнувале и за кои не очекуваме воопшто дека ќе бидат на преговарачка маса повторно. Значи во овој момент е неопходно како предуслов да започнат тие разговори повторно да се идентификува соговорникот од бугарска страна и тоа, се разбира, не зависи воопшто од нас, зависи само од Република Бугарија – како тие ќе решат да направат и кого ќе предложат, поединец, Влада, институција итн, итн…Конечно мислам дека е значајно и тоа посебно го нагласив на состанокот, што на 10 мај, Европската Унија има веќе  закажано, како ја нарекуваат тие, стратешка сесија за иднината на Западниот Балкан, поточно за иднината на односите меѓу Европската Унија и Западниот Балкан. За таа цел, нивната комисија и нивниот посебен директорат за таа цел има изготвено стратешки документ кој зборува за неопходноста да се засилат активностите и конекциите со Западниот Балкан бидејќи, за жал, во регионот две држави преговараат, меѓутоа тој процес не е ни близу до своето завршување, две држави чекаат да почнат преговори и тоа се одолговлекува во неколку наврати, прво ја чекавме новата методологија, таа беше усвоена, подоцна излегоа некои други проблеми, а две држави од шесте воопшто не се споменуваат како држави кои имаат можност да започнат наскоро преговори од познати причини. Европската Унија тоа сака да го промени  по можност до крајот на годината, можеме само да ги поздравиме нивните напори бидејќи е јасно дека Западниот Балкан предолго време е во оваа транзиција кон Европската Унија без некои сигнификантни чекори напред“, изјави претседателот Пендаровски.

Претходно, во рамки на посетата на Брисел, претседателот Пендаровски оствари средби со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук.

Претседателот Пендаровски утре, 28 април, среда ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.