Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски на сесија на ОН: Заедно да работиме на издржливи здравствени системи

0
By Нова ТВ on December 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пандемијата како системска закана бара системски одговор. Треба заедно да продолжиме да работиме во создавањето на издржливи, добро управувани, одговорни, отчетни здравствени системи кои им служат на граѓаните, порача претседателот Стево Пендаровски на специјалната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, посветена на пандемијата на Ковид-19 што се одржа вчеравечер по средноевропско време.

– Пандемијата на КОВИД-19 и натаму претставува најголем ризик за човештвото. Голем број семејства изгубија свои членови, а многу заедници се сериозно погодени. Оваа здравствена криза ги зафати и другите сектори на нашите општества, а економиите претрпеа особено тешки загуби. Со својата здравствена, економска, социјална, хуманитарна и безбедносна димензија, пандемијата е голем тест за нашите земји на начин со каков досега се немавме соочено и нè потсети колку сме меѓусебно поврзани. Со страдањата што ги предизвикува, пандемијата ги разоткри системските слабости и нееднаквости во нашиот свет, рече Пендаровски.

Осврнувајќи се на состојбата и мерките што се преземаат за спречување на ширењето на вирусот во земјава, Пендаровски посочи дека е прогласена кризна состојба на целата територија на државата во рок од 30 дена со цел да му се помогне на здравствениот систем и да се спасат што е можно повеќе човечки животи.

– Оваа голема опасност исто така претставуваше и можност за нашите земји и народи да демонстрираат единство, солидарност и мултилатерална соработка. Во име на македонските граѓани, би сакал да им се заблагодарам на Обединетите нации и Светската здравствена организација за нивното лидерство во координирањето на глобалните напори за контрола и спречување на ширењето на КОВИД-19. Исто така, благодарни сме на сите земји и организации кои нè поддржаа со медицинска опрема, материјали и споделено знаење и искуство, рече Пендаровски.

Оцени дека многу предизвици ќе останат дури и во пост-ковид периодот. -Патот до социјално-економско, па дури и ментално закрепнување за многумина од нас ќе биде долг и сложен. Но, нема друга алтернатива. Човештвото треба со заеднички сили да работи на обновата на светот во кој ниту еден човек нема да биде изоставен, истакна Пендаровски на крајот на своето обраќање.

На сесијата што се одржува во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации учествуваа над 150 шефови на држави, влади и министри.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.