Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: На Западниот Балкан му треба пристап до механизмите на ЕУ за справување со економската криза

0
By Sashko on September 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелни теми во регионот и во Европа, процесот на проширување на Европската Унија (ЕУ) со земјите од Западен Балкан, безбедносната состојба и руската агресија врз Украина, како и мерките и начините за справување со енергетската и економската криза како последица на војната во Украина, биле темите во фокусот на денешните дискусии на 11. состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на кој учествуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски.

Проширувањето на ЕУ, посочил претседателот Пендаровски, придонесува за одржување на мирот и стабилноста во нашиот регион, за подобрување на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи, и затоа е неопходно забрзување на интеграциските процеси на сите земји од Западен Балкан. Во таа насока, Пендаровски изразил очекување претстојниот состанок на Европската политичка заедница, што треба да се одржи во почетокот на октомври, да придонесе за натамошно забрзување на интеграцијата.

„Лидерите го поздравија официјалниот почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и ги повикаа институциите на Европската Унија да преземат дополнителни храбри одлуки во врска со интеграцијата на преостанатите земји од Западен Балкан“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Во рамки на дискусијата, претседателот Пендаровски посочил дека Босна и Херцеговина го заслужува кандидатскиот статус за ЕУ, а Косово безвизниот режим. Изразил очекување за натамошна силна поддршка од страна на Словенија и Хрватска во евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски потенцирал дека на земјите од Западен Балкан им е неопходен пристап до механизмите на ЕУ што поскоро, како поддршка за справување со претстојната енергетска криза, и посочи дека економската и социјалната криза може да предизвикаат повеќегодишна политичка криза и да генерираат дополнителна нестабилност. Со цел да се ублажат негативните ефекти од војната во Украина, Пендаровски апелира на засилена соработка и дијалог.

Пендаровски посочил дека земјава е подготвена наредната година да биде домаќин на Брдо – Бриони Процесот.

На состанокот во Крањ на покана на словенечкиот и хрватскиот претседател, Борут Пахор и Зоран Милановиќ, учествуваа претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, Милорад Додик и Жељко Комшиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Србија, Александар Вучиќ  и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.