Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Не се плашете од заканите, гласајте храбро

0
By Нова ТВ on April 11, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Пред преполниве плоштади кои што ги имаме буквално на секој митинг во Македонија и ова вечерва што го гледам, оваа непрегледна река народ, се сигурен знак дека ја имаме победата на 13-ти, која ја запечатуваме на 27-ми, изјави во обраќањето во Битола претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски.

Нашиот народ, нашите граѓани во изминативе 20 дена го препознаа новиот концепт кој нема делби, нема поделби, на наши и ваши. затоа што сите вие во оваа наша земја сте еднакви и мора да бидете еднакви.

Нема граѓани од прв и од втор ред. Има само еднакви граѓани затоа што Македонија само така е можна. Не како досега туку таква каква што ќе биде од 27-ми понатаму. Земја на рамноправни граѓани.

Во нивната држава досега сите институции и целокупната власт беа персонифицирани во два човека. Тоа е недозволено. Не постои европска држава во која што власта е сконцентрирана во двајца или тројца. Не може 500 илјади фамилии во Македонија да бидам заложници на само една фамилија. Тоа мора од корен да се промени и секој да има шанса.
Република Македонија, почитувани битолчани, денес е партизирана држава со целосно партизирани институции. Не постои еден сегмент од целокупната државна структура за кој можеме да кажеме дека си ја работи својата работа непартиски и професионално. Се зависи од врвот, се се контролира од врвот.

Слобода во оваа земја нема. Поделбите на наши и ваши ја уништија Република Македонија и каде требаше и каде не требаше. Го исподелија народот по сите основи.

Во оваа земја воспоставија нова категоризација на граѓаните, едни се членови на ВМРО-ДПМНЕ сите други се во останатите. Овие од останатите немаат никаква шанса за достоинствен живот можат да се иселат, можат да молат за корка леб.

Само нивните, само онаа прва категорија може да очекуваат трошка од богатата трпеза на која тие се гостат. Сите ние, од мене до сите вас, особено оние коишто се опозиционо расположени шанси во сопствената држава затоа што тие не им даваат.
Која е разликата помеѓу концептите кои ги промовираме ние, јас заедно со вас и тие досега. Во нашиот концепт ние не велиме Македонија пред се, велиме човекот, граѓанинот пред се.

Џабе ви е држава ако немате народ. Нашиот концепт, мојот концептот за кој предлагам, за којшто зборувам 20 денови по ред е ние прво мора да сме еднакви. Мора заеднички да формираме одговор на барем неколку точки. Македонија е единствената татковина, нека не помислуваат со сила да не тераат од нашата сопствена земја затоа што тоа нема да го дозволиме. Ние имаме право да живееме и работиме тука.

Значи, Македонија на сите а не Македонија на малкумина како што е сега.

Македонија мора да биде економски просперитетна и тоа богатство што го создаваме мора да биде рамноправно, правично поделено на сите а не само на малкумина. Недвосволено е 2 проценти од населението да го имаат богатство како што е досега.

Трета точка, мораме да го запреме иселувањето. Вашиот крај е традиционално иселенички, традиционално печалбарски кој за жал 24 години по независноста и од овој крај започнува новиот голем емигрантски бран кој ја пустоши Македонија. Немаме млади луѓе на коишто ќе го потпреме нашиот развој, старците умираат сами без да ги видат своите деца и внуци. Тоа мораме заеднички да го запреме.

Следната точка по мене е најважна. Македонија мора да биде земја на слободни луѓе. Ние денеска немаме слобода. Вие денеска се плашите да кажете збор затоа што или нема да ви го пренесат како што треба или ќе ве казнат за тоа. Ние дишеме на шкрги. Ние сме загушен народ. Нам не ни дават да прозбориме со години и години. Ве молам да ги отвориме сите порти на слободата. Слободната мисла да потече и ниту еден граѓанин да не се плаши да го избори тоа што го мисли.

За искажан збор за искажана мисла, и со уставот е загарантирана потполна слобода. Денеска тоа го немаме, денеска Македонија е земја на замолчени и тажни луѓе. Значи не било каква Македонија, Македонија на слободни поединци кои ќе имаат право и највисокиот функционер да го критикуваат влакно од главата да не им фали. За таква Македонија треба да се бориме.

Не е последна точка иако последна ја кажувам од овој концепт туку веројатно е предуслов за сите други. Македонија мора да биде дел од обединета Европа. Македонија е изолирана држава. Не пријател со Хунзите туку да биде дел од цивилизираниот свет таму каде што припаѓаме не само географски, не само според културата, не само според историјата туку и цивилизациски. Секој пат сме биле Европа само денеска не сме, денеска сме слепото црево на Европа затоа што некој сака да не држи изолирани во ќошот на Европа и сите други да не заминуваат на тој пат.

Европа е континент, ЕУ е организација во која вредат највисоките демократски и економски стандарди. Ако не сме таму, ако не учиме од најдобрите ние ќе пропаѓаме, ние ќе тонеме како што ни се случува во последниве неколку години.

Значи Македонија слободна но и интегрирана во Европа а за тоа заеднички ќе го најдеме одговорот и ќе го направиме тоа да биде реалност во првите неколку години. Не може преку ноќ но нема друга алтернатива, сами не успеваат ниту најголемите, ниту најмоќните. Ние сме една објективно мала држава со одвај 2 милиони луѓе. Со вакво опкружување со ваква внатрешна структура со вакви објективно мали и сиромашни ресурси, ние мораме да бидеме дел од светот. Ние мораме да се натпреваруваме со другите а не само самите со себе. Оваа изолација во последниве години не убива и она што е вредно и она што е креативно бега затоа што не сака да ги гледа истиве овие од власта на телевизија како им објаснуваат дека имаме реформи.

Опозиционото расположение е доминантно во цела земја, тоа ви го тврдам од прва рака. Во сите градови и села поминав, секаде сите беа за опозицијата и за концептот којшто ја вади Македонија од оваа темнина.

Затоа Ве молам, за масовна мобилизација на 13-ти и уште една таква на 27-ми затоа што мораме да направиме комплетни политички промени во Скопје, во централната власт и секаде низ Македонија. Не е доволна само една победа, треба двојна промена за да направиме политички промени кои се неопходни. Оваа земја просто е жедна и гладна за промени. Да и го овозможиме тоа.

Заради државата, не заради нас. Македонија после 8 години тормозење заслужува достоинствен живот, ние тоа го заслужуваме. Нема кој друг тоа да го направи освен нас.

И во вашиот крај денеска и во другите краишта коишто ги посетив се чувствува притисокот од власта која не може да се помири со тоа дека ќе замине од удобните фотелји после 27-ми, немојте да им се плашите. Тоа се последни обиди на власт во заминување која нема друг начин освен со сила и закани, наместо со аргументи да ја задржи власта.

Тие знаат дека промените доаѓаат, тие знаат дека промените се тука, ништо нема да им помогне! Затоа што немаат контра аргумент, затоа што се послаби од нас во секој поглед, затоа што ја понижија Македонија по секое можно прашање.

Значи не се плашете од тие закани, бидете храбри, кренете ги високо главите и издржете уште неколку дена. После 13-ти многу работи ќе бидат полесни. Само да не ја пропуштиме оваа шанса.

Победата ни е во раце, таа е наша, не ја пропуштајте, борете се за неа!
Почитувани пријатели морам да ве замолам на крајот за уште една работа која ја спомнав на почетокот. Ве молам за масовна мобилизација, вложете крајни напори, тоа важи за сите нас, не само за вас што се овде на плоштадот, туку сите што ме слушаат и гледаат.

Да направиме крајни напори за да ја добиеме оваа битка не само за некој да седне на некое столче. Не станува збор за обична промена на власта туку станува збор за концепт и пат којшто ја вади Макеоднија од калта во која е заглавена.
Морам да чујам вечерта на 13 ти убави вести од овој град! – изјави во обраќањето во Битола претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.