Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Негласањето на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е во суштина антиевропско однесувањ

0
By Vladanka Dimkovska on December 11, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 оцени дека негласањето на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е во суштина антиевропско однесување. „Последниве година и пол, од за мене сосема неразбирливи причини, од тесно-партиски интереси, главната опозициска партија започна да се однесува на антиевропски начин“, рече претседателот Пендаровски.

Запрашан за влијанието на пораките од американските претставници од Стејт Департментот насочени кон противењето на опозицијата за уставните измени, претседателот Пендаровски рече дека тие не влијаат врз ВМРО ДПМНЕ затоа што мислат дека на таков начин добиваат рејтинг. „Изминатава година, година и пол, од усвојувањето на францускиот предлог во нашето Собрание, ВМРО тера строго партиска агенда и има само една мисла во главата – да дојде на власт па после ќе му ја мислиме за другата работа – промени на Устав, европски интеграции итн. Гледате дека на фонот на тој комплекс на прашања и проблеми, пред сѐ за нас, нивните првенци често спомнуваат дека во Европа доаѓаат десничари на власт, па доаѓаат европски избори по кои европскиот парламент ќе изгледа драстично поинаку, Европа наводно го губи интересот за интеграција на регионот…, а обратното е точно во последнава година од овие причини кои ги спомнавме. Така што тие веќе подготвуваат терен и по евентуалната изборна победа да не се бават многу со европските интеграции. Претседателот Пендаровски изјави дека излезот од блокадата на европските интеграции го гледа во ситуација кога би имале проевропска коалиција на власт и после изборите, бидејќи е јасно дека до избори таква промена на Устав е невозможна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.