Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски од Прилеп: Ќе успееме да ги зачуваме демократските вредности ќе внимаваме на граѓаните и на младите да не ја напуштаат државата

0
By Mirjana on October 11, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денес се поклонивме пред 462 имиња на паднати борци. Фашизмот му даде за право на посилниот брутално да владее со послабите, вака претседателот Стево Пендаровски го почна своето обраќање од Могилата на непобедените во Прилеп по повод чествувањето на Денот на востанието.

-На 11-ти октомври 1941, борците на партизанскиот одред Гоце Делчев го означија почетокот на народното востание, како тогаш последна етапа на историскиот континуитет на борбата за слободна македонска држава, додаде Пендаровски.

Децении асимилација кулминираа со фашистичка окупација. Востанието почна во најмачниот час од историјата. Сите партизански одреди носеа имиња на илинденците – непобитен доказ на континуитетот на борбата за слобода и самостојност,вели Пендаровски.

Оваа година е 80 годишнина од почетокот на борбата против фашистичката окупација која почна со нападите на партизнските одреди во Прилеп и во Куманово.

Неоспорен историски факт е дека востанието во своите редови ги имаше сите идеолошки струи на македонското ослободително движење – антифашисти, демократи и комунисти а во одредите пристапија и комунисти и демократи, напредни студенци и шпански борци без ралика на националност или религија. Македонскиот народ уште на самиот почеток се приклучи кон антихитлеровската коалција кога цела Европа беше покорена а окупаторите изгледаа непобедиви.

-Репресиите ја удвоија вољата на народот. Нашиот придонес во победата не е занемарлив. Имавме едно од највиталните партизански движења во Европа кое за четири години даде околу 25 илјади жртви и регрутираше над 100 илјади борци. Во едно време само на територијата на денешна Северна Македонија беа ангажирани 60 илјади војници на Третиот Рајх“, потенцираше претседателот Пендаровски.

За Пендаровски нема дилема – само како дел од антифашистичката коалиција можеше да се продолжи патот трасиран од Илинденците и да се оставри вековниот сон, формирање на своја држава

-Тоа го постигнавме на 2 август 1944 година, на првото заседание на АСНОМ, каде беше удрен темелот на слободната и суверена република која по своја воља се вклучи во нивата југословенската конфедерација“, заклучи Пендаровски.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски говореше и за  „третот Илинден“ – референдумот во 1991 година но и надворешните притисоци и блокади поради кои државата изгуби драгосцено време.

-Имаше обиди да се маргинализира значењето на НОБ и да се бараат некакви древни корења на државата. За сето тоа време темелите на слободната македонска држава ни беа буквално пред очи. Над 1.100 споменици во чест на НОБ во речиси секое наше населено место. Овие паметници се најсилниот доказ против секој вид и обид на историски ревизиниозам“, предупреди претседателот Пендаровски.

Токму овие споменици се пораката – „Запомнете и не заборавајте за што се боревме бидејќи вашата слобода ја плативме со нашите животи“.

Темелите на оваа држава се илинденски и антифашистички и во моментот кога тоа ќе се заборави ќе почневеме да го уриваме „единственото место на светот кое е нашиот дом“, порача шефот на државата во својот говор.

Тој изрази надеж дека државата ќе успее да ги зачува демократските вредности, ќе внимава на своите граѓани и ќе ја врати надежта кај младите да престанат да се иселуваат и да останат во Македонија знаејќи дека може да се остварат, нагласи Пендаровски во говорот во Прилеп по повод Државниот празник Денот на националното востание.

Пендаровски од Прилеп за 11 0ктомври
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.