Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Принципиелната поддршка што ја имаме од Словачка ја очекуваме и од другите членки на ЕУ

0
By Sashko on September 7, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по тет-а-тет средбата со претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, порача дека земјава за евроинтегративниот процес очекува принципиелна поддршка како словачката и од другите членки на ЕУ.

Пендаровски на заедничката прес-конференција по средбата се заблагодари за „постојаната и исклучително гласна“ поддршка на Словачка, нарекувајќи ја вистински пријател.

Посетата на Чапутова, оцени шефот на државата, го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон ЕУ е веќе почнат.

„Кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкулации, нè поддржуваше во сите ситуации. Искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји членки на ЕУ, следејќи го принципиелниот однос на Словачка како една од движечки сили на Вишеградската група“, потенцира Пендаровски.

Според него, Северна Македонија чекаше 17 години со статус на кандидат за да почне преговори и тоа е, за жал, како што рече, еден од ретките негативни преседани во процесот на европските интеграции.

„ЕУ долги години со право се фали со тој процес, дека е веројатно најдобрата надворешна политика на целата Унија, но во тој дел, не само кон нас, туку и кон цел Западен Балкан не покажа високи или исклучителни резултати. Добро е што конечно, по серија направени компромиси од нашата страна и постоење неспорна политичка волја од страна на Брисел почнавме преговори. Сакам посебно да се заблагодарам на Словачката република која ни даваше поддршка во сите овие години додека чекавме да ги почнеме заслужените преговори. Поддршката беше на принципиелна основа, немаше политизирање на ниту едно прашање било да се работи за некој сегашен проблем или за некакво толкување на историјата. Словачка беше еден од нашите најдобри адвокати додека чекавме да ги разрешиме преостанатите пречки и да ги почнеме преговорите, а овој месец ќе почне и скринингот“, напомена Пендаровски.

Тој информира дека со Чапутова размениле мислења и за зајакнување на регионалната соработка, како и за успешниот модел на Вишеградската група чие искуство, како што рече, може да биде корисен пример и за земјите од Западен Балкан.

„Разговаравме и за безбедноста на континетот, за војната во Украина и последиците од кризата. Посебен фокус беше ставен на интензивирањето на економската соработка која го нема постигнато својот реален потенцијал, иако трговската размена бележи константен раст во последните пет-шест години. Изразив очекување дека ќе видиме поголеми инвестиции на словачките компании кај нас, особено сега, откако ги почнавме преговорите со ЕУ“, потенцира Пендаровски.

Претседателот изрази и уверување дека во следниот период односите меѓу двете змеји ќе бидат кренати на уште повисоко ниво за што придонес ќе има и нашата амбасада во Братислава.

„Во текот на овој месец очекувам нашиот ополномоштен амбасадор да ја преземе должноста во главниот град на Словачката Република“, истакна Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.