„Се надевам дека денешниов ден ќе почне и ќе заврши во демократски дух. Дека сите процедури ќе бидат испочитувани“, изјави кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.
– Искрено се надевам дека на крајот на денот нема да сведочиме за некои постапки кои ги видовме во претходниов ден кога посебните категории на луѓе и особено гласањето во дијаспората не се одвиваа во согласност со законските одредби.
– Искрено се надевам дека Република Македонија е конечно подготвена да направи изборен циклус каков што доликува на секоја европска демократија. До крајот на денот и се разбира до соопштувањето на конечните резултати од страна на Државната изборна комисија, рече Пендаровски при гласањето.