По Министерството за надворешни работи, и претседателот Стево Пендаровски излезе со осуда на опожарувањето на влезната врата на просториите на културно-информативниот центар „Иван Михаилов“ во Битола.
„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите“, порача Пендаровски.