Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски во посета на Регионалната команда на КФОР – Запад во Пеќ

0
By Ivana on December 15, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Косово, во Пеќ ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад, каде оствари средба со командантот на командата, полковник Андреа Бертацo, како и со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои извршуваат задачи во рамки на мировната мисија.

На средбата со полковник Бертацо, претседателот Пендаровски беше информиран за севкупните активности на Регионалната команда на КФОР – Запад во поддршка на мирот и безбедноста во Република Косово.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за мисијата на КФОР, истакнувајќи ја нејзината важност за стабилност на Косово и целиот регион.  Претседателот Пендаровски ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации од заеднички интерес, а во функција на исполнување на целите на мисијата.

Претседателот Пендаровски посочи дека со учеството на 65 припадници на Армијата на Република Северна Македонија во силите на КФОР, нашата држава како НАТО-членка дава активен придонес за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

На средбата со припадниците на нашата армија, распоредени во Регионалната команда на КФОР – Запад, претседателот Пендаровски беше информиран за нивните тековни активности и извршувањето на работните задачи. Претседателот Пендаровски оддаде признание за професионализмот и посветеноста со која нашите војници ги извршуваат сите поставени барања и задачи и рече дека Република Северна Македонија и натаму ќе продолжи да дава свој придонес во оваа мисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.