Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски – Заев: Не отстапуваме од идентитетот и јазикот

0
By Нова ТВ on October 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашата позиција е јасна, ние не отстапуваме од идентитетот и јазикот, безрезервно ќе ги браниме, рече претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во врска со написот на Политико дека предложен е „бугарски компромис“ кој предвидува официјална Софија да го признае македонскиот идентитет и македонски јазик, како еден од официјалните во земјата, а за возврат Скопје да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски темели.

И претседателот Пендаровски и премиерот Зоран Заев велат дека нема да има отстапка од идентитетот и јазикот, но не сакаа да го коментираат овој предлог, бидејќи како што рекоа, вакво нешто до нив нема стигнато.

„Треба да го видиме предлогот, па после да се произнесеме. Јас кажав дека ние таков предлог не сме добиле и не можам да коментирам такво нешто“, рече Пендаровски.

Заев вели дека Грција го призна нашето право на самоопределување, а и Бугарија е пријателска земја која јавно изјавува дека го признава македонскиот народ.

„Очекувам дека Бугарија ќе направи конкретен, прецизен чекор. Имаме успеси со изнаоѓањето на решенија за многу историски личности. Мора да водиме грижа за двете страни за да постигнеме компромис. Сакам да потврдам дека меѓусебното разбирање не носи на она што го имаме а е реалност, факт е дека имаме заедничка историја, ако бидеме паметни со фокус кон иднината можеме заедничката историја да ја искористиме како убава можност за да постигнеме компромис“, рече Заев.

Додаде дека ако има потреба од усни писмени изјава, декларација – ќе се појаснат ставовите.

„Бугарија не сака нов договор ниту анекс. Очекувам Бугарија да продолжи да биде првиот и најголем поддржувач. Следен чекор е првата меѓувладината конференција ќе значи ново поглавје за нашата земја“, рече Заев.

Пендаровски рече дека црвените линии од нашата страна се јасно поставени и убеден е дека бугарските највисоки раководители се сигурни дека македонските нација и јазик се реалност и дека ќе го прифатат тоа.

„Ние ќе ја повториме нашата црвена линија. Не нè прашувајте што мислат другите, прашајте нè за нашата позиција, а таа е јасна. Преговори за идентитетот и јазикот, немало ниту во преговорите за преспанскиот договор. Од тие наши позиции нема да остапиме. Ова се наши ставови и безрезервно ќе ги браниме. Ако секој се држи до своите позиции како ќе се најде компромис? Исто како што се најде со Грција“, рече Пендаровски.

извор: 360степени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.