НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пенкало или запалка со логото на омилената партија? Забрането!

0
By Светлана Јовановска on April 30, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ан-Мари Лизен, поранешната социјалистичка градоначалничка на еден белгиски град во ноември 2013 година беше осудена на една година затвор условно, на 1.000 евра казна и на петгодишна забрана да биде избирана на избори.

Прекршокот на Лизен е тоа што во предизборна кампања во 2007 година побарала од своите вработени во општината да делат предизборни плакати и флаери во текот на работното време.

За време на судењето се појави еден сведок кој потврди дека вработените делеле флаери за време на периодот во кој требало да работат за општината. Неколкумината вработени тврдеа дека тоа не е точно но, сведокот потврди дека нивното негирање е последица за стравот дека ќе ги загубат работните места доколку ја кажат вистината или одбијат да ја извршат задачата за делење флаери: “Сите се плашат и сите лажат!” рече сведокот кој успеа со своето сведочење да го убеди судот во вистинитоста на настанот за кој беше обвинета Лизен.

Денес вакво нешто практично не е возможно во Белгија. Исто како што не е возможно да се лепат плакати на кандидатите насекаде. Лицата на идните избраници на белгискиот народ можат да се видат само на определени места кои ги одредува општината.

Во Белгија нема закон за изборните плакати во кампањата. На сајтот за белгиските избори, национални, регионални и европски кои се одржуваат на 25 мај, стои дека правилата произлегуваат од контролата и законот на изборното трошење кој вели дека постерите на изборните листи или кандидати е “забрането на паноа или постери кои имаат комерцијален карактер” исто како и плакатите кои се поголеми од 4 квадратни метри.

Според овој текст, општините понатаму одредуваат како ќе се одива лепењето плакати. Во Брисел на пример полицијата е таа донесува правило според кое е забрането лепење плакати ноќе, дистрибуција на предмети со партиски знак како пенкала, упаљачи и слично а забрането им е исто така на партиите да им телефонираат или да им праќаат пораки на гласачите. Има на пример и општини каде што било какви плакати се забранети.

Но доколку вие, како приватно лице, одлучите дека некој политичар ви е близок или ги делите неговите идеи, можете без проблем да ставите негов плакат во својот двор или на вашиот прозорец. Се разбира, ова не смее да биде платено.

Што се однесува до правилата за финансиско трошење за време на избори, белгиските партии мораат да почитуваат стриктен закон кој одамна постои и почнува да се применува три месеци пред самите избори.

Законот забранува секаква платена политичка пропаганда на радио, ТВ, интернет или во кино. Не е исто така возможно да се објавуваат написи во весниците кои се на било кој начин платени од партиите. Партиите исто така не смеат да отвораат весници или било какви изданија кои се поврзани со изборите.

Белгиските правила се незамисливо слободни за Франција која има строги рамки за изборната кампања. Според Министерството за внатрешни работи паноа се поставуваат само пред општините штом почне кампањата. Во Франција нема да видите кандидат кој ви се насмевнува од прозорецот на некоја куќа или двор. Бројот на плакатите е исто така лимитиран како и големината. Плакати на бела основа се исто така забрането бидејќи белата боја и комбинација на бои кои го претставуваат француското знаме (црвена, бела и сина) е резервирана за администрацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.