Штета ќе биде доколку Бугарија го запре процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија, изјави американскиот дипломат Џејмс Пердју во коментар за одбивањето на бугарската влада да ја прифати рамката за преговори за Скопје, во емисијата „Сабота 150“.
„Знам дека е примамливо Бугарија да се обиде да ја искористи својата позиција како членка на Европската унија, додека Северна Македонија се обидува да добие членство. Но, не сум сигурен дали вреди да се создаде непријателство меѓу владите на двете земји и нивните народи. “, рече поранешниот американски амбасадор во Бугарија.