Без напојување со електрична енергија денеска ќе останат делови од скопските населби Островска, Маџир Маало и Лисиче, како и дел од селото Ракотинци. Причина се технички зафати во дистрибутивната електромрежа.
Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје соопшти дека во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе биде дел од село Ракотинци во Општина Сопиште.
Од 08:15 до 10:15 часот, пак, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Ѓорѓи Капчев“ – Крак 16 во населба Островска во Општина Аеродром,
Од 08:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од улиците „Ѓуро Џоновиќ“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ во населба Маџир Маало во Општина Центар.
Од 10 до 12 часот, пак, без струја ќе биде дел од улицата „1616“ во населба Лисиче во Општина Аеродром.