– Војната може да запре во било кој момент, доколку се појави интерес од украинска страна за соработка.Треба да донесат амандмани на Уставот според кои Украина ќе ги отфрли напорите да влезе во било кој воен блок во иднина,изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, таксативно набројувајќи ги условите за птрекин на огнот.
– Украина да биде воено неутрална, да го признае Крим како руска територија, а сепаратистичките републики Доњецк и Луганск како независни територии. Само ако Украина ги исполни овие наши барања војната ќе биде прекината, дополни Песков за руските медиуми.
Путин пак претходно кажа дека целта на Русија била да се уништело украинското оружје и дека се додека дава отпор и војува, руската страна немало да седне на преговарачка маса.