Потребни состојки:
– 500 грама кори
– 350 грама урда
– 3 пиперки
– 2 чили пиперки
Подготовка:
Во еден сад сипете 250 милилитри вода заедно со 125 милилитри масло и една лажичка сол. Промешувате убаво.Исецкајте ги пиперките на многу мали коцкички, а потоа промешајте ги заедно со урдата.
Во едно тавче редите две кори, малку ги попрскувате со смесата од масло и вода. Редите уште две кори, повторно ги попрскувате, а потоа ставате една третина од филот со урда и пиперки. Редите уште две кори, ги попрскувате и повторно редите од филот. Повторете го тоа три пати. Врз третиот фил ставете една кора, па попрскајте ја, ставете втора кора па попрскајте ја и ставете трета кора па попорскајте ја со мешавината од вода и масло. На крај преклопете ги најдолните кори. Или, попросто, 2 кори, мешавина, 2 кори, мешавина, фил, 2 кори, мешавина, фил, 2кори, мешавина, фил, 1 кора, мешавина, 1 кора, мешавина, 1 кора, мешавина, преклопете ги долните кори и полијте со мешавината што ви останала.
Ставете го бурекот да се пече на 180 целзиусови степени во фурна околу 40 минути, односно додека не зарумени. Превртете го, пресечете и послужете. Пријатен ручек!