Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петар за неделен ручек:шпагети со школки

0
By Нова ТВ on October 27, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Потребни состојки:

-500грама Школки
– 3 поголеми чешниња лук или повеќе помали
– 1 огромен домат или два помали
– 10тина гранчиња магдонос
– 10тина листови крупен џеновезе босилок
– 1 лимон
– 250грама шпагети

Школките се малКу деликатни за чистење. За чување нема да ви зборувам, но најдобро е да ги готвите веднаш штом ги купите. Ставете ги школките на работна површина. Доколку има некоја скршена исфрлете ја, a доколку некои од нив се отворени чукнете ги со лажиче или со чврга (народски кажано). Тие што нема да се затворат кога ќе чукнете фрлете ги.

Останатите ставете ги во лонец со отприлика 4 литри ладна вода и третина чаша сол. Школките ќе почнат да се прочистуваат во водата и може да испуштат песок или некои други работи што ги имаат проголтано. Земете едно сунѓерче или тврда четка за триење и тријте ги силно од двете страни на млаз од ладна вода за да се исчистат целосно една по една. Ќе забележите дека од средината на отворот излегува нешто налик алга (Byssus Thread). Потегнете ја внимателно лево – десно, но, немојте премногу нагло затоа што може да ја оштетите школката. Доколку на школката има влакненца отстранете ги со рака. Ако не ги ставате веднаш во сос ставете ги во чиста ладна вода или доколку не ги ставате во вода а се отворат потчукнете ги повторно за да се затворат пред да ги ставите во сосот.

Ставете вода во лонец. Отприлика за оваа количина на шпагети ви треба околу 3 литри. Кога водата ќе зоврие додадете една шака сол и ставете ги шпагетите. Кога ќе ги ставите со вилушка малку подвиткајте ги така што да не седат половина во вода половина на суво бидејки нема да се сварат рамномерно. Сварете ги ал денте, односно според упатството на кутијата, не ги преварувајте бидејќи не правите сутлиаш.

Во едно помало тенџерче наполнете вода доволно за да го потопите доматот и зовријте ја водата. Кога водата ќе зоврие набодете го доматот на неколку места со нож и ставете го да проврие 3-4 минути. Кога ќе го извадите доматот ќе забележите дека лушпата ќе почне сама да се одвојува. Излупете го доматот и исечкајте го на многу многу ситни коцкички отприлика околу половина сантиметар и отстранете го средниот зелен дел. Бидете внимателни за да ја зачувате течноста од доматот.

Додека доматот си проврива наполнете половина чаша за кафе со маслиново масло и многу многу ситно исецкајте едно до две чешниња лук. Потоа ставете ги да се маринираат во зејтинот со малку мелен бибер.

Во едно тавче загрејте го маслиновото и додадете 2 чешниња лук сецкан на тенки тркалца за да се пропржи на среден оган. Кога лукот малку ќе зарумени додадете ги коцкичките домат заедно со течноста од доматот. Оставете го тивко да проварува 2-3 минути а потоа додадете половина чаша вино или малку повеќе вино додека тавчето не се наполни 2 сантиметри за да може школките да бидат половина потопени во течност и, секако ставете ги школките.

Поклопете го тавчето со капак и оставете ги школките да се проварат. Тие се варат многу брзо -3 до 4 минути највеќе. Кога школките ќе се сварат тргнете ги од оган и отворете го тавчето.

Сите школки кои при варењето не се отвориле целосно фрлете ги. Останатите школки префрлете ги на една чинија наредени со отворот нагоре и попрскајте ги внатре кај месото со половина лимон.

Навалете го тавчето со сосот преку мијалникот да истече малце од виното бидејки ќе има премногу течен сос за да се врзе со таа количина тестенини. Покријте го тавчето со капак кога ќе го навалувате за да не се случи доматите да ви избегаат во мијалникот. Оставете отрпилика половина сантиметар течност во тавчето заедно со доматите.

Сварените тестенини процедете ги убаво и додадете ги во тавчето, одозгора истурете ја мешавината од лук и маслиново масло, вратете го тавчето на силен оган и промешувајте цело време 2 до 3 минути за тестенините да го упијат сосот од вино и домат а мешавината од маслинов зејтин и лук да се распореди убаво низ тавчето.

Внимавајте да ги распоредите коцките од доматот рамномерно низ шпагетите. Ако е потребно со лажица земете од дното на тавчето и ставете одозгора преку шпагетите. Тргнете го тавчето од оган и кога топлината ке стивне за неколку секудни додадете ги босилокот и магдоносот ситно исецкани и промешајте да се распоредат убаво низ тестенините.

Послужете ги шпагетите а одозгора на секоја чинија наредете школки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.