Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петерле: Обвинувањата против Заев не придонесуваат за смирување на тензиите

0
By Светлана Јовановска on February 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвиненијата против Заев не придонесуваат за смирување на веќе високата тензија помеѓу политичките партии, вели Алојз Петерле, словенечки пратеник во Европскиот парламент (ЕП) кој е ко-претседател на Заедничкиот комитет за соработка помеѓу македонското Собрание и ЕП. Петерле и припаѓа на Европската народна партија (ЕНП) на која и припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ, која е само набљудувач во оваа политичка група бидејќи Македонија се уште не е земја членка на ЕУ.

“Обвиненијата против г-дин Зоран Заев, лидер на опозицискиот Социјал-демократски сојуз, дека тој го нарушува уставниот поредок во Македонија, не се во корист на брзо смирување на веќе високите тензии помеѓу политичките партии”, вели Петерле во својата реакција.

Инаку Петерле беше првиот премиер во првата демократска влада на Словенија по независноста.

Тој изразува надеж дека “за доброто на демократијата, се надевам дека тензиите ќе се намалат и дека ќе се најде договор помеѓу лидерите на партиите на политичко ниво за да може националниот парламент да биде целосно репрезентативен и целосно функционален”.

Во однос на обвинувањата против Заев, Петерле загрижено бара од сите актери во Македонија да разберат дека партијата и државата се две различни работи и дека тоа мора да се почитува исто како и независна судска постапка.

“Во врска со неодамнешните обвинувања против лидерот на опозицијата, барам од сите актери во Македонија да ја почитуваат сепарацијата на демократската власт и институциите, истрагата мора да се одвива преку судството на јасен, независен и транспарентен начин како и да се воспостави јасна сепарација помеѓу партијата и државата. Од огромно значење за кредибилитетот на Македонија е целосно почитување на правната држава, особено во овој високо чувствителен политички случај”, вели Петерле.

Од оваа сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во ЕП досега ја слушнавме и загрижената реакција на европратеникот Едвард Кукан, поранешен министер за надворешни работи на Словачка. Самата политичката група на ЕНП во Европската унија досега не реагирала.

Според изворите на НОВА во Брисел, партијата внимателно и загрижено ги следи настаните и смета дека е добро да почека, пред да реагира, на посетата на комесарот задолжен за Македонија Австриецот Јоханес Хан идната недела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.