НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петков останува на ветеното – одлуката за Северна Македонија да ја донесе бугарското Собрание

0
By Sashko on June 23, 2022 ПОЛИТИКА
Кирил Петков
Кирил Петков
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ми се допаѓа францускиот предлог и мислам дека не може да има друг таков предлог, порача бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков денеска од Брисел.

Тој нагласи дека ќе остане доследен на дадениот збор што „му го ветил на бугарскиот народ“ дека Народното собрание мора да се произнесе по предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија.

„Се надевам дека Народното собрание во наредните денови ќе донесе одлука за ова прашање. Имаме историски момент да можеме да ги заштитиме сите наши бугарски интереси, работи за кои сме сонувале и со овој предлог да го заштитиме бугарскиот интерес на долг рок“, рече Петков пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Тој им порача да пратениците во бугарското Собрание да не се обидуваат да „му го префрлаат жешкиот компир“ за тој сам да решава за францускиот предлог.

„Ако сте државници, одете во Комисија и нека се донесе вистинската одлука“, нагласи Петков на пратениците членови на Комисијата за надворешната комисија на бугарското Собрание, од која бара да ја донесе конечната одлука околу прифаќање или одбивање на францускиот предлог.

Според Петков, во сиот изминат период „прашањето за Република Северна Македонија беше маглата спуштена во јавниот простор, само со една цел – за да се потресува Владата и да се крадат милијарди“.

Тој се обрати и до бугарскиот претседател Румен Радев, нагласувајќи дека е неприфатливо што веќе две недели не го свикува Консултативниот совет за национална безбедност (КСНС) и само „се крие на различни места“.

„Ако си претседател на место, го свикуваш КСНС, сите служби и партии, седнуваме заедно, разговараме и излегуваме со став. Маските паднаа. Се изморив од кукавици“, додаде Петков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.