НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петков со совет до Ковачевски: Биди храбар и прифати го предлогот

0
By Sashko on June 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оној што немаше политичка храброст ги подучува другите како да соберат таква храброст и да прифатат тешки политички решенија. Така бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков го подучува македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Откако самиот тој и неговата влада (која падна во средата) одбија да се изјаснат за францускиот предлог и покрај тоа што таквите одлуки според бугарскиот устав се надлежност на кабинетот, Петков сега му советува на Ковачевски да соберел храброст и да го прифател францускиот предлог.

„Да бев на негово место немаше да размислувам два пати“, вели Кирил Петков во разговор за бриселски „Политико“ пред денешниот втор ден од европскиот самит. Тој во разговорот уште наведува дека Ковачевски со таа одлука можел да влезе во историјата како човек што ја отворил вратата за Македонија во ЕУ, па макар за тоа и да паднела неговата влада.

„Политико“ ги пренесува и вчерашните изјави изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека целата работа што се случува во ЕУ е „нефер спрема Македонија“.

Еве го разговорот на Кирил Петков со новинарот на „Политико“, кој изгледа дава конечна потврда дека надежите кои самиот тој ги поттикнуваше кон македонската јавност за фер договор за симнување на ветото биле измислени.

„Политико“ пишува:

„Бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков во петокот го повика својот македонски колега Димитар Ковачевски да биде храбар и да го прифати компромисот предводен од Франција кој ќе ја отвори вратата за Скопје да започне формални преговори за членство во ЕУ.

Но, Петков призна дека тоа може да ја урне владата на Ковачевски, исто како што самиот Петков се соочи – и изгуби – гласање за доверба во средата.

„На крајот на денот, знам дека е многу политички тешко“, рече Петков во интервју за „Политико“ во Брисел, токму кога бугарскиот парламент се очекуваше да гласа во петокот за прифаќање на францускиот предлог.

„И знам дека ризикот од соборување на владата е – многу голем ризик“, продолжи тој.

„Како политичар треба да се одлучи, која е мојата цел на ова место? – Дали мојата цел е да бидам стабилен? – Или мојата цел да ја водам државата – да направам чекор напред – не е конфорно да одам таму. И мислам дека ова е одлуката што мора да ја направи Димитар Ковачевски. Да бев на негово место немаше да размислувам ни два пати. Ако може да влезе во историјата со отворање на вратата за Северна Македонија во ЕУ, мислам дека тоа е добро … достигнување за еден премиер. Но, потребна е храброст“.

Петков е во Брисел е на самитот на Европскиот совет, каде Бугарија е под остри критики за попречување на пристапните преговори на Македонија, не само од Ковачевски и од другите лидери од Западен Балкан, туку и од некои од највлијателните шефови на држави и влади на ЕУ.

„Дали е ова фер во однос на Северна Македонија? – Ќе кажам многу искрено: „не“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за печатот на Самитот на лидерите на ЕУ во четвртокот вечерта. „Ова е и причината зошто ние колективно извршивме голем притисок врз Бугарија овие последни месеци“.

Макрон го пофали Петков, за кој францускиот претседател рече дека ‘направил сè’, но рече дека Македонија е жртва на внатрешната политика на Бугарија.

„Тоа е и резултат на политичката криза во Бугарија“, рече Макрон.

Петков, во интервјуто во петокот наутро, рече дека компромисот што го предложила Франција треба да се гледа како „европски договор“, а не како договор само меѓу Бугарија и Македонија. Историски гледано, Бугарија беше главен предводник за перспективата на членство во ЕУ на државите од Западен Балкан, а Петков рече дека тоа и понатаму е така. Но, тој исто така рече дека има сериозни прашања во врска со правата на етничките Бугари во Македонија и дека на тие граѓани им треба посилна заштита во македонскиот устав.

„Ова сега не е Бугарија наспроти Северна Македонија“, рече Петков. „Ако се донесе оваа одлука, тоа треба да биде европскиот договор на масата во Северна Македонија’, го пренесува „Политико“ разговорот со Кирил Петков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.