Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петличковски: Рано е да ја прогласиме пандемијата за завршена

0
By Ivana on February 4, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во многу подобра ситуација сме од пред две години и се движиме кон ендемска форма на оваа болест. Со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на КОВИД-от. Не можеме да предвидиме како ќе биде следната  зима и дали ќе има сезонска вакцинација за корона како за грип, смета д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 тој рече дека е рано да ја прогласиме пандемијата за завршена и да кажеме дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот.

-Ќе има и други варијанти, но има повеќе други параметри кои укажуваат дека пандемијата спласнува со интензитетот односно со ризикот што го носи по здравствените системи и по индивидуалците. Но, сѐ уште трае и денес сѐ уште умираат луѓе заразени со омикрон за кој велиме дека има многу поблаг тек. Претпоставките се дека пандемијата постепено ќе добие ендемски вид, што значи дека вирусот ќе продолжи да биде меѓу нас, но ќе се појавува во одредени групи, држави, популации и не се очекува да има вакви сериозни импликации односно толку голем број смртни случаи, рече Петличковски.

Соопшти дека новиот состав на Комисијата што ја предводи си зела задача да ги дефинира начините на кој ќе се сумираат бројките на починати и ќе се презентираат пред јавноста.

-Никој не лажира и не измислува бројки и никој не би зел одговорност да подметнува бројки. Методологијата по која се запишуваат починатите подложи на дискусии и промени како и сѐ околу КОВИД, зашто тој е предизвик со кој се соочуваме во моментов, истакна претседателот на Комисијата.

За да се постигне колективен имунитет што ќе гарантира дека вирусот нема да се шири, Петличковски рече дека зависи од вирулентноста на вирусот и дека кога станува збор за омикрон веќе е малку 70 отсто вакцинирани, туку процентот се приближува на 90.

Петличковски не ја исклучува можноста од укинување на сертификатите како услов за влез во моловите. Смета дека тие го губат значењето бидејќи се заразуваат и вакцинирани.

-Но мора да се направи сериозна проценка кои би биле придобивките, а која би била загубата од евентуално укинување на сертификатите. Тоа ќе се разговара, но точниот момент дали сега, по две недели или по еден месец треба да се дефинира по темелни анализи, рече претседателот на Комисијата.

Во однос на наставата, поддржува физичко присуство зашто, како што рече, сто пати е подобар и поздрав начин за најмладите.

-Не очекуваме драматичен пораст на бројките со тоа што учениците се вратија во училишните клупи, но мора да се почитуваат протоколите – проветрување, дезинфекција на просториите и носење маски, со што училиштата се безбедни за настава со физичко присуство, додаде Петличковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.