Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петличковски: Вакцините се најефикасно оружје против пандемијата

0
By Нова ТВ on February 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ковид-19 е болест од којашто умираат околу два отсто од заразените. Вакцинирањето нуди драматично подобрување на овие статистики и елиминирање на шансата за смрт и екстремно големо намалување на шансата за тешка болест. Нема логика да се плашиме од некакви хипотетски алергиски реакции, а да не се плашиме од шансата 2/100 пациенти да завршат фатално“, вели проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, во рамки на видео – рубриката „Збор, два“, која ја подготвува Општина Карпош.

Професорот Петличковски ги објаснува придобивките од вакцинирањето, а негативните последици ги оцени како минорни.

– Се работи за ефикасност (на вакцините) од околу или над 90 проценти, независно која е вакцината. Имаме 9 од 10 луѓе кои ќе бидат заштитени, и кај нив апсолутно нема да се очекува да се случува тешка инфекција, а покрај тоа, шансите за смртен исход ќе бидат минимални. Тоа е бенефитот кој го очекуваме од вакцинирањето. Значи, сакаме болеста КОВИД-19 да не е веќе опасна болест. Во моментов таа е опасна или многу опасна за повеќе од два проценти од заразените. Со комплетирањето на вакцинирањето, ќе имаме помалку од 0,001 процент на тешко болни и се надеваме дека нема да имаме ниту еден смртен случај од групата на вакцинирани луѓе, зборува Петличковски.

Тој посочува дека луѓето кои веќе го прележале вирусот и имаат стекнато природен имунитет нема логика веднаш да се вакцинираат. Но, се размислува за примање на една доза од вакцината, за прележаните од Ковид – 19, по 3, 4 или 6 месеци од поминувањето на болеста.

Докторот апелира до сите граѓани да не потпаѓаат на лажните вести и да се информираат од релевантни извори и институции.

Само со вакцинација повторно ќе го вратиме животот во нормала и ќе биде возможна вистинската социјализација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.