Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петмина специјалисти од Велес понудиле колективен отказ

0
By Менче Атанасова Точи on October 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петмина доктори специјалисти од Општата болница во Велес подготвени се да дадат колективен отказ поради лошите услови за работа и самоволието на директорот Атанас Василев потврдија за НОВА дел од лекарите. Станува збор за двајца ортопеди, двајца уролози и еден хирург кој е и заменик градоначалник во Велес, од актуелната власт.

Со овој колективен чин на давање отказ, по што планираат да се пријават во агенцијата за вработување сакаат да укажат дека е невозможно да работат во постечките услови. Во болницата работат девет специјалисти, а повеќе од половина се подготвени да заминат.. Своите откази веќе ги понудиле пред заменик министерот за здравство Јовица Андоновски.

Тие велат дека во болницата немаат апарати со кои треба да работат бидејќи неопходната апаратура е стара и амортизирана и е надвор од употреба. Меѓу докторите е и урологот Димитар Стровјаноски кој деновиве преку социјалните мрежи му напиша писмо на министерот Тодоров, во кое вели дека не е „подготвен да се построи во неговиот строј“. Писмото наиде на голем одек во јавноста.

Стровјаноски за НОВА вели дека во болницата се случуваат небулози кои се на штетата и на лекарите и на пациентите.

-Еден од примерите е затварањето на операционата сала за ОРЛ, која беше донација од Норвешката влада, за во таа просторија да се смести администрацијата. Сега очно и ушно се во иста оперциона сала, а за поголеми зафати ја користиме салата на хирургија. Замислете какви последици може да има тоа за пациентите, разни инструменти на исто место изјави за НОВА, Стровјаноски.

Во болницата не се исплаќа дополнителната дејност, а најново е обидот на директорот да не исплаќа за сменска работа и за дежурства на медицинските тимови. Но, една од небулозите е и тоа што за претседател на Комисија за утврдување на смрт, е назначена медицинска сестра објаснува Стровјански.

Лекарите од велешката болница укажуваат дека со новиот систем на работа неможат да ги лекуваат пациентите. Тие велат дека за 15 минути колку што се предвидени за преглед преку „Мој термин“ неможат да му посветат доволно внимание на пациентот.

-Се е со закажување и се чека, на пример за ехо може да се чека два месеца, за биопсија уште толку, така што дијагнозата ја поставуваме дури после четири месеци, а болеста напредувала за тоа време вели Стровјаноски.

Тој и на веб страната на Владата го запраша премиерот дали би се согласиле лекари од САД да дојдат во болницата во Велес и да оперираат со постоечката опрема, но американски граѓани. За својот јавно искажан револт тој вели дека имал доста реперкусии. Стровјаноски најави дека е подготвен да си замине на работа во странство, каде уролзите се многу барани отколку да работи во вакви услови и покрај неговата лоша здравствена состојба, со четирите стента на коронарните артерии.

Неофицијално, директорот Василев во понеделник треба да биде викнат на разговор во Министерството за здравство, кога ќе се дознаат и повеќе детали за овој случај.
Инаку, во Велес се случува масовен одлив на медицински кадар во западно- европските земји, Германија, Австрија, а сега најново и во Данска. Само во последната година на работа во некоја од овие земји заминале 16-17 лекари од овој град.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.