Најмалку пет луѓе изутринава загинаа, а 14 се повредени кога на автопатот на северот на Белгија, автобус со полски регистарски таблички, кој превезувал млади од Русија, ја пробил заштитната ограда.
Несреќата се случи во Рансту, во близина на Антверпен. Меѓу загинатите е возачот и две деца. Петмина од повредените се во тешка здравствена состојба.
Градоначалникот на Рансту, Лоде Хофманс изјави дека со автобусот патувале руски тинејџери од Волгоград кон Париз. Во автобусот имало 42 патници.
– Петтмина загинаа, а уште пет лица се во тешка состојба – изјавил градоначалникот Лоде Хофманс за агенцијата АП.