Пет луѓе загинаа во пад на мал патнички авион во Бразил, јавува агенцијата Анадолија.
Авионот тип Beechcraft King Air C-90 се урнал на една полјана во југоисточниот дел од земјата, соопшти полицијата.
По падот на авионот отворена е истрага која треба да ги утврди причините за несреќата, се претпоставува дека силниот ветар е една од причините.