Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петров од Форумот за канабис: СДСМ ќе поддржи декриминализација на канабисот

0
By Нова ТВ on October 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, беше дел од говорниците на Форумот за канабис каде што се дискутираше за можностите, политичката волја и ангажманот на граѓанските организации во процесот на декриминализација и легализација на канабисот.

Тој нагласи дека СДСМ ги следи европските процеси, се модернизира и настојува да отвори дебата за сите теми за кои постои интерес кај граѓаните.

„Самиот факт што сум тука значи дека ние во партијата сериозно дискутираме на оваа тема. Но ние сме модерна и европска партија и ги следиме процесите. Граѓанските организации имаат конкретни барања во врска со канабисот и ние мораме да зборуваме за нив. Некогаш работите не се одвиваат со темпо како што посакуваме, но ако вака, како денеска дискутираме, тогаш ќе дојдеме до решение. Ова е историска можност, се отвораат економски перспективи, примерите се бројни. Ние во партијата зборуваме за ова и поддржуваме процес на декриминализација“- нагласи Петров и додаде дека не го знае ставот на СДСМ од претходно, но дека сега тој став се менува и токму неговото присуство на форумот многу зборува за подготвеноста на СДСМ да учевствува во процесот на декриминализација на канабисот.

Тој ја нагласи важноста на едукацијата која има здравствен и економски аспект.

„Целиот процес ќе трае долго, но ако постои политичка волја и посветеност на граѓанските организации може да се успее. Заеднички да ги дефинираме, прво декриминализацијата, а потоа да дискутираме како ќе оди процесот, кој модел ќе го следиме, дали ќе имаме комбиниран модел, дали како Холандија, Португалија или Италија. Ова е процес што ќе трае, но со добра политичка волја и со фокус на едукацијата ќе ги видиме сите ефекти на канабис. Економскиот бенефит не може никој да го негира. Само во Канада влегоа 8.4 милијарди долари, имаше 10 000 вработувања, а црниот пазар падна за 20 отсто.“- заклучи Петров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.