Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Ако утре се изгласа недоверба на Влада, СДСМ ќе формира нова

0
By НОВА ТВ on November 10, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Очекуваме сите прогресивни сили во нашата држава, кои го препознаваат она што во изминатиот период се случуваше во државата и сите позитивни исчекори што беа направени ќе го верификуваат и ќе го дадат својот глас, порача пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Таа додаде дека вечерашната средба на лидерот на СДСМ Зоран Заев со коалициските партнери беше во насока на информирање за она што се случуваше на ЦО и на ИО на СДСМ, како и во рамките она што ќе се случува утре во собранието.

Во случај ако собранието утре изгласа недоверба, Петровска рече дека тогаш почнува чекорот број два, а тоа е обид да се формира нова влада, за што ВМРО-ДПМНЕ нема одговор.

– Доколку утре се изгласа недоверба на владата на СДСМ, течат рокови за нова политичка Влада, која повторно ќе биде предводена од страна на СДСМ, порача Петровска.

Таа додаде дека во рамките на тие преговори отворени се за сите политички партии кои се согласуваат со ставовите и принципите на СДСМ и сегашните коалициони партнери. На Петровска не и е верно дека ВМРО-ДПМНЕ има постигнато договор во кој правец да оди државата и дека се сплотени околу тоа.

– Ако се сплотени и обединети, тогаш ќе го имаа одговорот на второто прашање, дали имаат политички капацитет и по број на пратеници да формираат влада, но таков одговор немаат, а тоа значи дека на суштински прашања имаат различни ставови, вели Петровска.

Таа нагласи дека Мицкоски треба да одговори, ако Левица е составен дел на неговата идна влада или ја поддржи, која е цената што ја плаќа за Левица да ја поддржи неговата идна влада, дали тоа значи ретерирање од членство во НАТО, дали значи влошување на етничките односи.

Тоа се реални прашања, што треба да се одговорат, за да не не враќаат назад, да денеска сме стабилна држава поради мудрите и стабилни политики што беа водени по различни прашања во изминатиот период, но ако се води од некоја влада што не знае на што се темели или се темели на уцени, од политички партии тогаш не сум сигурна дека стабилноста ни е загарантирана, особено со несоопштување на вистината пред граѓаните, нагласи Петровска, додавајќи дека на граѓаните им требаат вистински одговори.

Таа нагласи дека дополнителни кризи поттикнати од лични интереси не треба да се дозволат и тоа е една од причините заради која беа дадени препораките дадени вчера на ЦО на СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.