Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Буџетот за одбраната за четири години се зголеми двојно

0
By Biljana on February 17, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија има стабилен раст на одбранбениот буџет кој годинава достигна 1,77 проценти од бруто-домашниот производ, а до 2024 година ќе се искачи до проектираното ниво од 2 проценти од БДП.

Истовремено, државата континуирано вложува и во модернизацијата на вооружените сили и имајќи предвид дека модернизацијата опфаќа над 30 проценти од буџетот за 2022 година, земјава се вбројува во групата од 24 НАТО сојузници кои по таа основа веќе ги исполнија насоките од Самитот на Алијансата во Велс.

Како што соопшти Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска за овие значајни достигнувања ги информирала министрите за одбрана на сојузничките земји на сесијата посветена на буџетирањето и издвојувањето за модернизација на Армиите на земјите членки.

Министерката посочила дека буџетот за нашата одбрана за 2022 година е двојно поголем од буџетот пред само четири години, што покажува дека земјата во целост ги почитува одлуките кои заеднички се носат во НАТО.

„Земјата на минатиот министерски состанок на НАТО ги доби своите цели на способности и веќе започна со нивна имплементација, особено имајќи предвид дека тоа е поддржано и со потребни финансиски средства. Во контекст на модернизацијата, во тек е набавката на нови оклопни транспортери од американско производство за Армијата, преку повеќегодишни договори од типот Влада со Влада“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Министрите за одбрана, вклучувајќи ја и министерката Петровска, се додава во соопштението, на оваа сесија ја потврдиле заложбата за зацврстување на колективната безбедност преку континуиран раст на одбранбените буџети на земјите – членки на НАТО и одвојувањето на минимум 20 проценти од овие средства за модернизација и опремување на своите вооружени сили.

На маргините на министерскиот состанок во седиштето на НАТО во Брисел, министерката Петровска имаше одвоени средби со министрите за одбрана – Матеј Тонин на Словенија, Стефан Јанев на Бугарија, Николаос Панагиотопулос на Грција и со Хулуси Акар, министер за одбрана на Турција.

Како што соопшти Министеството за одбрана, на средбата со министерот за одбрана на Словенија, Тонин, биле потврдени одличните одбранбени односи помеѓу двете земји и интензивната соработка во одбраната, а министрите се договориле дека двете земји ќе потпишат нов билатерален договор за стратешка соработка во одбраната.

„Министерката Петровска и бугарскиот колега Јанев ја потврдија добрата одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија и беа разгледани можностите за нејзино зајакнување. Петровска се сретна и со грчкиот министер за одбрана, Панагиотопулос, со кого ја поздравија засилената соработка во одбраната и се согласија дека двете земји се посветени сојузници. На билатералната средба со министерот за одбрана на Турција, Акар, двајцата министри се согласија да ја зајакнат одбранбената соработка со заеднички вежби и обуки, и во контекст на модернизацијата на Армијата“, соопшти Министеството за одбрана.

Министерката Петровска утрово имаше средба со колегите од земјите учеснички во мисијата на НАТО за одвраќање и одбрана „Enhanced forward presence” во Латвија под раководство на Канада. Во оваа мисија неколку години учествуваат Канада, Шпанија, Италија, Чешка, Полска, Албанија, Исланд, Словенија, Словачка, Латвија, Црна Гора, а со одлука од минатата година и Северна Македонија. Нашиот контингент, се наведува во соопштението, летово ќе биде упатен во склоп на контингентот на Словенија.

Министерство за одбрана Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.