Славјанка Патровска: Нема никакви реформи спроведени во изминатите 6 месеци а граѓаните живеат потешко. Најголемата реформа која ми паѓа на памет е пропагандата и „реформа” на ПР-от или рекламирањето на владата. Во сите други области има назадување и потфрлање особено во делот на животниот стандард на граѓаните. СДСМ ги поддржа мерките за зголемување на пензиите. Ние бараме покачување на платите и секое зголемување на плати го поздравуваме. Тоа е еден од начините како да им се помогне на граѓаните. Но не се согласуваме со мерките во делот на потрошувачката кошничка која се виде дека требаше да се направи на поинаков начин за да има ефект, а не вака. Допонително требаше да бидат посториги казните кон стопанствениците за да можат граѓаните навистина да си го дозволат тоа што им треба за основен живот.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.