Едно лице загина, a 14 се повредени при експлозија на пиротехничка направа за време на пробата на спектаклот „1789. Љубовниците од Батстиља“ во Париз.
Експлозијата се случила во близината на „Спортската палата“ во југозападниот дел на Париз.
Четворица од повредените се задржани во болница, додека останатите десетмина по
укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување,
Во моментот на детонацијата во зградата се наоѓале само актерите и техничкиот персонал. Од експлозијата се урнал и еден од ѕидовите на зградата.
Спектаклот „1789 Љубовниците од Батстиља“ е музичка комедија посветена на настани од периодот на Француската револуција.