НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пировата победа на Ангела Меркел

0
By Нова ТВ on October 10, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Есеј на Џорџ Сорос на говорот што го одржа Кил, во кој дискутира за импликациите од изборите во Германија и дебатата за начинот на кој треба да се постапи со Грција. 
http://www.project-syndicate.org/commentary/on-angela-merkel-s-pyrrhic-victory-by-george-soros

Пировата победа на Ангела Меркел

За Германија драмата со еврокризата е завршена. Оваа тема речиси и не беше дискутирана за време на неодамнешната изборна кампања. Канцеларката Ангела Меркел го направи она што требаше за да го загарантира опстанокот на еврото, а тоа го направи со најмал можен трошок за Германија – потег со кој таа ја стекна поддршката на про-европските Германци, но и на оние кои ѝ веруваат дека ќе ги заштити германските интереси. Оттука, нејзината повторна победа на изборите не е изненадување.

Но тоа беше Пирова победа. Статус кво ситуацијата во еврозоната ниту може да биде толерирана, ниту е стабилна. Конвенционалните економисти тоа го нарекуваат инфериорна рамнотежа, јас го нарекувам кошмар – кошмар кој нанесува огромна болка и страдање кои лесно би се избегнале ако се демистифицираат погрешните концепти и табуата што ја одржуваат таквата состојба. Проблемот е во тоа што државите-должници ја чувствуваат целата болка, а државите-кредитори ги наметнуваат погрешните концепти и табуата.

Еден пример за нив се евро-обврзниците кои Меркел ги прогласи за табу тема. Сепак, тие се очигледно решение за главната причина за еврокризата: верувањето дека приклучувањето во еврозоната ги изложува државните обврзници на државите-членки на ризик од неисплата.

Генерално, развиените држави немаат ваков ризик, бидејќи тие секогаш можат да испечатат пари. Но, со отстапување на тоа право на независна централна банка, членките на еврозоната се ставија во позиција на држави во развој кои зајмуваат средства во странска валута. Пред кризата, ниту властите, ниту пак пазарите не го препознаа овој факт, што сведочи за нивната подложност на грешки.

Кога се воведе еврото, властите изјавија дека државните обврзници ќе бидат без ризик. Комерцијалните банки можеа да ги купуваат без да издвојат капитални резерви за таа цел, а Европската централна банка (ЕЦБ) ги прифаќаше сите државни обврзници под еднакви услови и по дисконтирани цени. Тоа создаде перверзен поттик за комерцијалните банки да го купуваат долгот на послабите влади за да го заработат она што на крајот испадна само мал број поени над основицата, бидејќи во реалноста диференцијалните каматни стапни практично беа конвергирани на нула.

Сепак, конвергенцијата на каматните стапки предизвикаат економска дивергенција. Послабите држави доживеа огромен раст на пазарот на недвижнини, потрошувачката и инвестициите, додека Германија – под фискалниот товар на обединувањето – мораше да усвои мерки за штедење и да спроведе структурни реформи. Тоа беше почетокот на еврокризата, но во тоа време овој факт не беше признаен, а и денес тој не е соодветно признаен.

Конвертирањето на сите преостанати државни обврзници – со исклучок на обврзниците на Грција – во евро-обврзници би било најдоброто решение. Тоа нема да наложи исплати на трансфери, бидејќи секоја држава ќе остане одговорна за сервисирање на сопствениот долг. Исто така, тоа ќе наметне построга пазарна дисциплина за државите-должници од онаа со која се соочени во моментов, бидејќи тие ќе бидат во можност да издаваат евро-обврзници само за да ги рефинансираат доспеаните обврзници, а секое дополнително зајмување ќе треба да биде во нивно име, додека пазарите ќе наметнуваат казнени стапки за преголемо задолжување.

Сепак, евро-обврзниците значително би ги намалиле трошоците за зајмување на презадолжените држави и имаат големо значење за повторно воспоставување на рамноправни правила на игра во еврозоната. Кредитниот рејтинг на Германија нема да биде загрозен, бидејќи евро-обврзниците поволно би се споредувале со обврзниците на другите големи држави.

Евро-обврзниците нема да ги решат отстапувањата во конкурентноста; државите од еврозоната сепак ќе треба да спроведат сопствени структурни реформи. Но тие ќе ја поправат главната грешка во дизајнот на еврото. Сите алтернативи се инфериорни: тие или подразбираат исплата за трансфери, или ги одржуваат нерамноправните правила на игра, или пак и двете. А сепак, токму поради спротивставувањето на Меркел, евро-обврзниците не смеат да бидат земени предвид.

И Грција е жртва на погрешните концепти и табуа создадени од нејзините кредитори. Сите знаат дека таа никогаш нема да може го врати својот долг, голем дел од кој е во посед на официјалниот сектор: ЕЦБ, државите-членки на еврозоната, или Меѓународниот монетарен фонд. По многу болка и страдање, Грција е блиску до остварување примарен суфицит во буџетот. Ако официјалниот сектор може да го прости долгот под услов Грција да ги исполни условите што ги наметна Тројката (ЕЦБ, Европската комисија и ММФ), приватниот капитал ќе се врати во земјата и економијата брзо ќе закрепне.

Од лично искуство можам да посведочам дека откако ќе се отстрани превезот на долгот многу инвестиции ќе бидат насочени кон Грција. Но официјалниот сектор не може да ја намали вредноста на нејзиниот долг, бидејќи со тоа би се прекршиле одреден број табуа, посебно за ЕЦБ.

Германија треба да се потсети дека и таа имаше корист од намалување на долгот, три пати во својата историја. Планот на Дос од 1924 година се обиде да ги намали репаративните исплати на Германија по Првата светска војна. Планот на Јанг од 1929 година го намали износот што Германија го должеше на основ репарации и на земјата ѝ даде подолг временски период за исплата. Маршаловиот план по Втората светска војна, исто така, обезбеди олеснување на долгот.

Француското инсистирање на високи исплати за репарација по Првата светската војна јасно го подготвија теренот за подемот на Хитлер. Во Грција, неофашистичката Златна зора е сличен феномен.

Овие два примери го оправдуваат моето именување на еврокризата како кошмар. Само Германија може да ѝ стави крај на кризата бидејќи, како држава со највисок кредитен рејтинг и со најголема и најсилна економија, таа го има главниот збор.

Германија, свесна за својата недамнешна историја, не сакаше да ја преземе улогата на хегемон; па затоа сегашната ситуација не е резултат на некој злонамерен германски заговор. Сепак, Германија не може да избега од одговорноста и обврските кои се неизбежен дел од таа улога. Германија мора да се научи да дејствува како бениген хегемон. Ако го направи тоа, Германија ќе ужива долгорочна благодарност од државите кои во моментов ѝ се потчинети, исто како што Маршаловиот план на САД им донесе вечна благодарност од Европа. Сметам дека неуспехот да се искористи овој момент може да доведе до дезинтеграција и можен колапс на Европската унија.

Се разбира, многу држави проживеале низ кошмари и сепак опстанале. Но ЕУ не е држава, таа е некомплетна асоцијација на суверени држави кои нема да преживеат десетина или повеќе години стагнација. Тоа не е во интерес на Германија и Европејците ќе ги стави во полоша положба од онаа во која беа кога го започнаа проектот за ЕУ.

За политичарите, полукружното свртување никогаш не било лесно, но изборите даваат можност за промена на јавната политика. Најдобриот начин за тоа би било новата владина коалиција на Меркел – а треба да се каже дека и покрај големата изборна победа Меркел сепак мора да формира коалиција за да дојде на власт – да именува независна експертска комисија за да ги оцени алтернативите, без да се осврнува на доминантните табуа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.