По повод 13 Ноември – Денот на Град Скопје, Друштвото на писателите на Македонија ќе ја одржи манифестацијата „Писателите за Скопје“.
За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани писатели за учество на манифестацијата да се пријават и да испратат по една своја литературна творба (песна, расказ, есеј, пиеса), зашто сите пристигнати прилози по читањето – ќе бидат објавени во посебно дигитално тематско издание на сајтот на Друштвото на писателите на Македонија.
Пријавите и прилозите можат да бидат доставени до 10 ноември, на мејлот на Друштвото на писателите на Македонија: drustvonapisatelimk@gmail.com
Манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи на 11.10.2022 година (петок) со почеток во 12 часот.