Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писателот Александар Прокопиев ќе учествува на фестивал на Светската книжевност

0
By Нова ТВ on August 5, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од најпреведуваните македонски современи писатели – Александар Прокопиев е меѓу поканетите автори на меѓународниот фестивал на светската книжевност што ќе се одржи во Загреб од 4-12 септември во организација на реномираната хрватска издавачка куќа „Фрактура” и водечкиот човек на куќата Сеад Сердаревиќ.

Меѓу писателите, „европските и хрватски мајстори на пишаниот збор“ – како што се најавуваат по хрватските медиуми, се Ксавиер Церкас, Патрик де Вит, Лоренс Норфлок, Кјел Весто, Марија Дуењас, Франческа Меландри, Бора Ќосиќ, Славенка Дракулиќ, Миљенко Јерговиќ, Семездин Мехмединовиќ.

Прокопиев ќе биде претставен пред читателска публика во Загреб на трибината „Писателот и неговиот читател“, заедно со д-р Борислав Павловски, преведувачот на хрватски на неговата збирка раскази „Човечулец“ (во издание на „Фрактура“) и модераторот Катарина Брајдиќ, како и на трибината „Политиката и книжевноста“ на која ќе учевствува заедно со Франческа Меландри, Ивица Џикиќ и модераторот Борис Постников.

Една од оригиналностите на овој фестивал е што за време на неговото траење, неколку хрватски ликовни уметници ќе ги портретираат писателите и ќе создаваат цртежи и слики инспирирани од нивните книги.

Покровител на фестивалот е претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.