Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо до министерот Адеми: „Преземете мерки или ќе сносите одговорност“

0
By Нова ТВ on January 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Организациониот одбор на протестите „СТОП на канцерогеното загадување на Тетово“, испрати отворено писмо до министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми. Организациониот одбор бара од Министерот да одговори на нивните барања кои ги објавија во медиумите и ги искажаа на протестот во Тетово кон крајот на декември минатата година. Во продолжение писмото во интегрална форма:

„Ние, Организационен одбор на протестите „СТОП на канцерогеното загадување на Тетово“, Ви се обраќаме службено со ова отворено писмо да се изнесете во врска со нашите барања кои беа презентирани јавно во средствата за масовна комуникација како и на протестот оддржан на плоштадот „Илириа“ во Тетово на 29.12.2013.

И во оваа прилика ви ги повторуваме нашите барања објаснувајќи ја подетално потребата за нивната имплементација со цел да се заштити од труење овој град заедно со околината каде и вие сами живеете и кој се загадува веќе подолг период.

Уште еднаш ви ги повторуваме барањата зошто сме преморени и разочарани од континуираните преопраки и совети, наместо да преземете конкретни чекори во решавањето на реалниот проблем.

Во продолжение уште еднаш ви ги посочуваме барањата:

1. Владата/Министерството да се произнесе со статусот на исполнување на условите поставено во Оперативниот План за Југохром и воедно да им нареди на сопствениците на Југохром под итно да запрат со работа додека не ги постават соодветните филтери предвидени со спомнатиот документ;

2. Ургентно да се реши случајот со дивите депонии во Полошкиот регион;

3. Заради причината што и домаќинствата се идентифицирани како загадувачи на воздухот бараме од Владата фактурите за струја да се субвенционираат за 33% со цел да се намали употреба на другите средства за греење , како што се дрва и јаглен;

4. Владините и општинските инспекторати за заштита на животна средина да ги казнат, согласно законите, сите физички лица кои илегално ги палат гумите и другите материјали загадувачи во општина Тетово, Теарце, Желини, Јегуновце, Боговиње и Бервеница.

Веруваме дека и вие сметате дека нашите барања се легитимни и ургентно ќе ги рагледате превземајќи конкретни чекори.

Ако продолжите со игнорирање на овој проблем ќе сносите проефесионална и морална одговорност кон сите жители на Полошкиот регион како и на идните генерации“, се вели во писмото на Организациониот одбор на протестите „СТОП на канцерогеното загадување на Тетово“ до министерот Адеми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.