Според информациите до кои дојдовме, писмото е опширно и големо, на 3 страници грчкиот премиер му одговара на македонскиот колега, но детали не се откриваат. Најверојатно, според изворите на Канал 5 Телевизија, дописот од Самарас е испратен завчера, како што и секогаш е пракса, по дипломатски пат преку грчката амбасада во Скопје.
Коментарите во Грција се дека, македонскиот премиер е тој кој што би требало да ја објави содржината и деталите од она што му го пишал Самарас.
Одговорот во Атина се држи во тајност, а доказ за тоа е и коментарот од премиерската палата, но и целосниот молк во грчките медиуми.
Во ниту еден грчки медиум нема вест дека Самарас му одговорил на Груевски, па дури ни грчката новинска агенција АПЕ, не ја објави информацијата.