Позантиот параолимпиец Оскар Писториус, обвинет за убиството на својата девојка Риве Стинкемп, ослободен со кауција.
Судијата Дезмонд Неир по четири часа сослушување одлучи да му дозволи на Писториус да се брани од слобода со кауција од околу 112.000 американски долари.
Судот му наложи на Писториус да не се враќа во својата куќа и секој работен ден да се јавува во полиција во периодот од 7 до 13 часот.
Судењето ќе почне на 4. јуни.