ВМРО Народна партија како и секоја година редовно го следи и анализира пиво фест Прилеп, организиран од структури на градоначалникот Марјан Ристевски, владата на РМ, а најповеќе подржан од матичната партија на градоначалникот, ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО Народна партија со жалење констатира дека оваа манифестација се претвори во основна институција за рушење на македонската песна, фолклорна традиција и култура. Пиво фест е вистинска замена за подзаборавените организирани настани за југословенизирање на граѓаните во Република Македонија од типот на Знање имање.
По ваквото кршење на македонскиот идентитет, по кој знае кој пат, пред и после одржувањето на пиво фест, крајно загрижени го прашуваме ВМРО ДПМНЕ, за каков патриотизам ни зборува таа партија?
За какви бранители на македонскиот идентитет се претставуваат тие, кои насилно ни наметнуваат тотатална југословенизација на културниот простор?
На крајот, не можеме а да не го искажеме својот револт од личното ниво на партијата на власт која ни ги наметнува со сила овие турбофолк циркузантски играрии. Пиво фест е претворен во најголем кич, шунд, со панаѓурско драгачевска атмосвера, а ни се претставува како врвен културен настан.
Со директните преноси на националните телевизии пиво фест прерасна во идентитетски и културен срам за Република Македонија.