Цената на пивото се зголеми за околу 10 денари. Така на пример во маркетите, досегашната цена на дел од пивата од 99 денари , сега е корегирана на 109 денари, пишува Фактор.
Од маркетите коментираат дека веќе пивото го набавуваат по повисока цена. Ваквото поскапување доаѓа по зголемувањето на акцизите предвидено со новите измени во Законот за акцизи.
Според измените акцизата за пивото ќе се зголеми од три на четири денари по литар, додека кај другите алкохолни пијалоци од 300 на 340 денари за литар чист алкохол. Допрва следува поксапување и на другите алкохолни пијалоци.
Според Министерството за финансии, зголемувањето на акцизите е со цел да се усогласат директивите со Европската Унија. Дел од производителите на пиво, уште минатиот месец најавија дека со зголемувањето на акцизите ќе бидат приннудени да ја корегираат цената на пивото.