Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пивоваров: Изразот „Балканот ќе стане буре барут“ е веќе минато.

0
By Ана Василевска on November 11, 2022 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За да дојде до ширење на војната надвор од сегашните граници на истата, потребно е да бидат исполнети многу предуслови. Несериозно е да се прават паралели помеѓу оваа војнa во Украина и Балканот пред се од геостратешки причини. Но секако будно треба да се следат сите збиднувања бидејќи лесно и брзо може да дојде до ескалација, вели во разговор за „Локално“ националниот координатор на Владата за гранично управување, Владимир Пивоваров во однос на можноста од излевање на тензиите на Косово.

Тој потенцира дека секое погазување на меѓународното право со употреба на сила, глобално ја нарушува безбедноста во целиот свет затоа што секоја земја која постапува спротивно на меѓународното право се повикува на претходен случај од светската практика на примена на сила.

„Секоја од завојуваните страни и агресорот и онаа земја која се брани, презентираат свои ставови за да ја оправдаат својата позиција. Токму тоа е она што го нарушува меѓународното право, а кога ќе се наруши истото во светот почнува да владее правото на џунглата односно се создава хаос. Секоја војна завршува со преговори на зелена маса и на крај се поставува прашањето зошто пред да почне војна спорните прашања да се решат по дипломатски пат без да има жртви без да има разрушувања. Па нели сите сме цивилизирани суштества“, наведува Пивоваров.

Владиниот координатор смета дека изразот „Балканот ќе стане буре барут“ е веќе минато.

„Сведоци сме на многу иницијативи кои го зборуваат токму спротивното на пр. „Отворен Балкан“, заеднички гранични премини, заеднички гранични патроли, зголемена трговска размена, но сепак малкуте хушкачи на војната се обидуваат преку своите ставови да го креираат јавното мислење. Пред се тука се нашите меѓународни пријатели кои такво нешто не би дозволиле. Доста му е од војни на Балканот, а неговата иднина е да прерасне во оаза на мирот“, оценува Пивоваров.

Околу дојавите за поставени бомби кај нас и во регионот гледано од тајмингот на оваа појава, соговорникот потенцира дека секогаш се случуваат во време на некој важен политички момент.

„За да имаме точен одговор на оваа прашање потребно е да оставиме време и простор на безбедносните служби да си ја завршат истрагата. Секако ова е хибридна војна како составен дел од тероризмот бидејќи имаа иста заедничка цел а тоа е создавање на чувство на несигурност кај самите граѓани како и чувство на недоверба кон институциите“, порачува тој.

Големите сили од памти век до денес па и во иднина, вели Пивоваров, ќе имаат интерес на пенетрирање на свое влијание ширум светот па и кај нас.

„Тоа влијание тие го остваруваат на секој можен легален начин кое им го дозволува Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 год па се до илегални начини на различни дејствија се со цел да го остварат својот интерес. Често на ова прашање пред се се мисли на разузнавачка активност што во практика не е така. Новите форми на дејствување се различни а најзастапена е формата преку економско и политичко влијание. Секое вакво влијание кое е спротивно на интересите на нашата држава ја нарушува безбедноста во помала или поголема мерка. Впрочем тоа и се чувствува преку крајниот продукт кој го очекувала земјата која го врши истото. Потребно е да ги следите само мас медиумите за да секој од нас си донесе заклучок. Ние сме мала земја и секогаш треба да ги браниме нашите интереси, дециден е националниот координатор.

За заканите со бомби, Пивоваров вели дека зависно од видот на заканата доколку е во сфера на безбедноста на државата такви мерки треба и да превземат безбедносните служби.

„На пример ако се работи за сајбер тероризам, службите треба соодветно да одговорат на оваа закана конкретно изнаоѓање на заштитни механизми да се оневозможи на напаѓачите да можат да навлезат во нашите бази на податоци но и со брзо откривање на адресата на напаѓачот“, укажува владиниот координатор.

Пивоваров коментира и околу влијанието на Москва во одредени македонски партии.

„Дали има партии во нашата земја кои се под руско влијание секој од нас сам може да заклучи од јавните настапи на истите. Сепак дали тоа влијание е од идеолошки причини или пак од економски побуди на поединци е работа на безбедносните служби, а нормално тие се дел од специјалната војна, заклучува соговорникот“.

Н.П.

Извор: Локално

Владимир Пивоваров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.