Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пјонгјанг затворен пет дена поради неодредено респираторно заболување

0
By Соња Крамарска on January 25, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
Пјонгјанг
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Властите во главниот град на Северна Кореја Пјонгјанг наредија петдневен карантин поради зголемување на случаите на неодредено респираторно заболување, објави јужнокорејскиот медиум NK News, цитирајќи владино соопштение.

Во соопштението на севернокорејската влада не се споменува Ковид-19, но се вели дека жителите на главниот град се замолени да останат во своите домови до крајот на неделата и мора да достават податоци за температурата на телото неколку пати на ден, според NK News, кој ја надгледува Северна Кореја.

NK News вчера објави дека жителите на Пјонгјанг складираат потребни продукти во очекување на построги мерки. Не е познато дали другите области во земјата воведоа нови мерки.

Северна Кореја го објави својот прв случај на Ковид минатата година, но до август веќе прогласи победа над вирусот.

Тајната земја никогаш не објави колку луѓе всушност се заразиле со вирусот, очигледно затоа што нема средства за масовно тестирање, според Ројтерс.

Наместо тоа, го објави дневниот број на случаи на заболени од треска, кој се искачи на 4,77 милиони во земјата со околу 25 милиони луѓе. Но, од 29 јули досега нема објавено ниту еден таков случај.

Државните медиуми продолжија да известуваат за мерките против пандемијата за борба против респираторните заболувања, вклучително и грипот, но досега не ја објавија наредбата за останување дома.

Државната новинска агенција КЦНА вчера соопшти дека градот Каесонг, недалеку од границата со Јужна Кореја, ја интензивирал јавната кампања „за сите вработени доброволно да се придржуваат кон антиепидемиските прописи на работа и во секојдневниот живот“.

Пјонгјанг. респираторна болест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.