Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Планетарна парада на ноќното небо – оваа недела ќе се порамнат седум планети

0
By Marija Todorovska on February 26, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лос Анџелес: На ноќното небо оваа недела, седум планети ќе се порамнат во линија, создавајќи тн. „планетарна парада“. Тоа ќе биде кратка, но како и секогаш – атрактивна можност.

Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Нептун и Уран ќе може да се видат на ведро небо, но не сите планети ќе можат да се видат со голо око, според стручњаците. За подобар поглед, одберете место со ведро небо, минимално светлосно загадување и јасен поглед на хоризонтот. „Парадата“ први ја видоа граѓаните на Јапонија – на 22 февруари, а како што пишува „Стар вок“ (Star Walk), Американците од Њујорк на пр., имаа најдобар поглед вчера – 25 февруари. Во другите делови на светот, феноменот ќе се гледа до почетокот на март. За најдобра видливост, познавачите велат оти треба да се чека зајдисонцето…

Како се гледа „планетарната парада“? Според НАСА, без телескоп се гледаат: Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. За да се видат Уран и Нептун, ќе треба со телескоп.

Марс изгледа црвеникаво и високо на небото, во близина на соѕвездието Близнаци. Јупитер е малку пониско на небото, близу соѕвездието Бик, а Венера ќе се појави како најсветлата планета на небото, кај Риби. Меркур ќе биде кај Водолија, во близина на Сонцето и веднаш над западниот хоризонт. Сатурн, исто така, ќе биде близу Сонцето и ниско на хоризонтот.

„Накусо, ова не е настан што се случува ‘еднаш во животот’, но овие планетарни паради нудат невообичаена можност да погледнеме нагоре и да го цениме нашето место во Сончевиот Систем, со разновиден свет поставен ширум небото пред нашите очи“, вели НАСА на својата страница.

Надвор од планетарните порамнувања, можно е да се забележат планетите поединечно. Марс, Јупитер и Сатурн често се гледаат на ноќното небо, известува американската Национална воздухопловно-вселенска администрација.

НАСА планети телескоп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.